Испробајте ги демо верзиите на најдобрите игри на Стим

Steam Summer Sale

Додека трае „Стим самр сејл“ („Steam summer sale“), се потенцираат и доста различни демо верзии за игри што може да се играат бесплатно. Што се однесува до „Стим“ платформата за видео игри на фирмата „Валв“, секој што било кога создал корисничко име на „Стим“, првично се нафрлил на бесплатните игри.

Во овој напис ги разгледуваме популарните игри за кои има демо верзии што можете да ги испробате. Вообичаено се нуди „првиот чин” од играта или почетен дел од играта, во сите варијанти. Се работи за испробување игри што можеби и би ги купиле во целосни верзии. Игрите кои ќе ви ги препорачаме се актуелни и релативно нови, а некои од нив сè уште не се излезени во продажба. 

Таков е случајот со демо верзијата за играта „Лајс оф Пи„ („Lies of P”), која е закажана да излезе на 19 септември годинава и може да ѝ се направи резервација уште сега. За оваа игра имаме посебен напис уште кога беше првпат најавена. Единствената лоша страна е што симнувањето на демо верзијата зафаќа околу 23 гигабајти, а самата игра „тежи” 50 гигабајти. 

Друга популарна игра што моментално има демо верзија е играта „Ит тејкс ту„ („It Takes Two”, во која играте со двајца играчи на екран поделен на два дела (сплитскрин) и заедно решавате загатки и преминувате препреки. Многу популарна игра за во пар. Заедничкото играње уште повеќе ги зближува играчите и поттикнува интерес за оваа игра и кај женската популација. Играта „тежи“ околу 45 гигабајти. 

Најдобрата игра што има и бесплатна верзија и чија тест верзија е опсежна, е Фајнал Фантази XIV (Final Fantasy XIV), за која имаме исто така посебен напис, што може да го прочитате тука. И оваа игра зафаќа повеќе простор, oдносно демо верзијата бара 80 гигабајти за да се инсталира. Ако се задржите на оваа игра подолго време додека да  навлезете во приказната, ќе сфатите колку вреди, иако на почеток не делува како нешто посебно. Пријатно изненадување исто така е и доброто однесување на заедницата играчи на оваа игра.

Исто така и демо верзијата за старата добра игра „Стрит Фајтер“ е сега во „ново руво”, со насловот „Street Fighter 6“. Таа бара бара 60 гигабајти простор, но можете да ја искусите најновата верзија, која ја споменуваме и во претходен напис. 

Исто така би ја спомнале и „Ан Гард“ (En Garde), демо верзијата што е игра со атмосфера и колоритност на околините во „Овервач“ („Overwatch“) и „Фејбл“ („Fable“) игрите. Играте со протагонистка која е мускетарка која има интересни механики за мечување и кршлива околина, со која може да победувате непријатели од паѓачки лустери до бродски топови. Исто така, иако играта има перспектива од трето лице и делува како цртан филм со шмекот на „Пус ин Бутс“ („Puss in Boots“), се работи исто така за игра со многу хумор. Демо верзијата за играта не е голема, односно е само 4,5 гигабајти. 

Има и други демо верзии за игри на „Стим самр сејл“ („Steam Summer Sale“) што можеме да ги споменеме како поинтересни, а тие се: The Invincible Demo игра базирана на научнофантастичен роман со супер графика, House Flipper City Demo со препродавање на куќи и станови, „Панч клаб 2“ („Punch Club 2“) Demo што е игра со менаџирање на боксер со „олдскул” графика.

Исто така за крај би ја споменале и играта „Горд” што е изработена од развивачите Тим 17, чија што најпозната франшиза е „Врмс Армагедон“. Но, овојпат се работи за игра со преживување слична на Ваилхем, но со старословенска митологија во играта и многу подобра графика од преспектива на стратешка игра во која правите колонии. Играта излегува на 8 август 2023. Демо верзијата за играта е дел од „Стим некст фест“ („Steam Next Fest“), но од непознати причини демо верзијата ја нема на главната страница на Стим под претпоставка дека е заклучено за нашиот регион, а во Америка може да се игра.

Мора да се напомене дека зголемената побарувачка на простор на хард дискот од компјутерот за овие демо веерзии и општо за поновите игри, е обработена во наш претходен неодамнешен напис. Секако проверете ги линковите во овој напис за повеќе информации околу споменатите игри.