Играта „Oувервач 2“ ќе ја има и на платформата „Стим“, наскоро ќе има и други игри од компанијата „Близард“

Платформата за игри „Бетл нет“ постои од 1996 година, уште пред да постои „Стим“

Overwatch 2 is Coming to Steam извор YouTube

Играта „Оувервач 2“ ќе добие своја верзија на платформата „Стим“. Но за да ја играте, ќе биде потребно да имате корисничко име на „бетл нет“ (battle.net), како и да имате достигнувања на „Стим“. Наскоро, од компанијата „Близард“ планираат да ги префрлат и своите други игри на „Стим“.

Наместо збрката што ја предизвика „Стим“ верзијата за Guild Wars 2 (која е посебна од верзијата од главниот сајт), овојпат „Близард“ прави продолжување на игрите. Верзиите ќе бидат достапни и на „Стим“ и на „бетл нет“. Се очекува дека достигнувањата на „Стим“ ќе бидат ретроактивни, за да се даде признание на играчите кои со години ги играат игрите на „Близард“. 

Играта „Оувервач 2“ има и своја „Стим“ страница на овој линк. Таа ќе може да се игра веќе од 10 август. Платформата за игри „Бетл нет“ постои од 1996 година уште пред да постои „Стим“, а досега опстојуваше како посебна платформа.

Кога „Близард“ го започна „Бетл нет“ во деведесеттите години, играчките заедници биле поизолирани, но сега, играњето видео игри е за сите. 

„Додека „Бетл нет“ останува приоритет за нас, разбравме дека играчите сакаат избор на „Стим“ за селекција од нашите игри. Затоа, ние сме пресреќни што ќе соработуваме со компанијата „Валв“, која ја има направено „Стим“ платформата“, вели лидерот на „Близард“, Мајк Ибара, поставен на оваа позиција пред две години. 

Во компанијата не откриваат кои игри ќе следуваат, но велат дека ќе информираат кога ќе дојде вистинското време за тоа.

„Стим“ изобилува со многу игри со карти. Играта „Хартстоун“ („Hearthstone“) се очекува да биде следната игра која би се префрлила на „Стим“.

Што се однесува до другите игри, би било вистинско изненадување играта „Уау“ („WoW“ и „Диабло 4“ („Diablo 4“) да бидат префрлени наскоро. Oчекувањата се дека за секоја нова игра ќе има мноштво реклами, како и дека ќе се репопуларизираат стари содржини како нови, за да има возбуда за секоја игра посебно.

Од сето ова, „Близард“ ќе има огромна придобивка поради распродажбата на игри на платформата „Стим“, кои привлекуваат големо внимание.