Настани во повеќе онлајн игри со различни награди

Warframe чини само 10 евра и се купува еднаш и се игра без претплата

Оваа пролет има многу настани на различни игри попознати под името „Event“-и, на кои има различни награди и забрзано левелирање на повеќе игри – настани кои се во тек на игрите Diablo 4, WoW PlunderStorm. 

Годишнини слават игрите  Hearthstonе -10 годишнина , Black Desert Online -8 годишнина и Warframe слави 11 годишнина. Прославите се во вид на продолжен период на играње каде може да соберете и уникатни награди и достигнувања достапни само во периодот на времетраењето кај сите посебно. Вообичаено, по стримовите се дава одредено време играчите да ги исполнат сите потребни услови за заслужување на специјалните награди.

Исто така, и наградите за дневно логирање се појачани со вредни поттикнувачки бафови што ја олеснуваат играта и левелирањето додека трае славењето. 

Би започнале со Warframe, ова е трејлерот за 11 годишнината: 

 

 

Главната награда што се добива овојпат, покрај засиленото стекнување искуство и левелирање, е „Dex Nikana“. Тоа е посебен вид на технолошка катана наречена никана, а Dex верзиите на оружјата се добиваат само на вакви настани.

Несомнено во моментов е најпопуларно оружје во играта дека еволуцијата одеше така што обичната Никана со црна корица беше главна промена од основниот меч Скана, па излезе Dragon Nikana со црвена корица, по што следуваше Nikana Prime оружјето од првата реклама на Excalibur Umbra (кој кога излезе доби сосема друг специфичен меч) и сега ја имаме Dex Nikana.

Познато е дека иако Никана Прајм e „златно” прајм оружје, сепак за модирање најдобра е Dragon Nikanata токму поради тоа што има редок Ривен Мод, кој е екслузивен само за ова оружје што дава огромна брзина и ударна моќ. Има и таканаречени црвени критови со високи бројки особено со ставот Blind Justice што има и slam и убрзување на брзината на напад.

Додека за Dex Nikana уште сега се прават функционални билдови, се истражуваат можностите на новото специјално оружје за од блиску со кое можете да играте и целовремено наместо да пукате со оружја од далеку. 

Играта може да ви биде и како пукачка игра и како Hack and Slash игра по ваш избор и стил. На последниот девелопер стрим беа најавени голем број новитети за Warframe:

Настан на Diablo 4

Кога сме кај Hack and Slash што се однесува до Diablo 4, моментално има настан на кој имате 35 отсто повеќе искуство и зголемени заработки на злато во играта. Ако искористите еликсир за уште 5 отсто XP, добивате 40 отсто зголемена брзина на кревање левел, но за жал ова е така само „на хартија”. Повеќето играчи не го играат новиот Battlepass за кој имаме и посебен напис, а тестирањата на Eternal Realms основната игра покажаа дека стекнувањето искуство соло над 80-то ниво, е претерано бавно. 

Дури и да играте активно Helltide повеќе од 40 минути не можете да отворите следен парагон поен. А и повторно, и покрај овие промени нема популација на Eternal Realms. Но има и најави дека скоро, односно по завршувањето на тековната сезона, целосно ќе се транформира Diablo 4 до тој степен што ќе биде како нова игра, но се прибира фидбек од играчите за да се имплементираат најдобрите идеи. 

Преминуваме во фантазискиот свет на Black Desert Online. За време на годишнината испадна дека најдобар начин за стекнување на вредните награди не е невозможниот грајнд присутен во азиски игри, туку навистина вредни награди се земаат само со редовно секојдневно логирање како наградата за постепено собирање на преку 2200 Cron Stones, камења што се многу корисни за обиди да се надгради опремата, односно оклопот и оружјата до максимум.

Друга интересна додадена опција за 11 годишнината е можноста да се почне сосема нов лик, да се смени класата што ја играте, а вашата долгогодишно стекната опрема се пренесува еквивалентно на промената на класата. Треба да имате заштедено значителна сума од 10 милиони сребро што за оние што играат со години и не е така скапа цена. Во играта нема директно трејдање и префрлање „ингејм валута” на други играчи, така што секој сребреник мора да се заработи соло со едноставно играње на играта.

Во следното видео е преставен стримот за 8 годишнината на BDO што се одржа пред 3 недели со многу оригинални активности и презентација на музиката од играта:

А ова е комплетна листа на сите тековни евенти за BDO моментално: 

https://steamcommunity.com/games/582660/announcements

Hearthstone играта со карти имаше 10 годишнина и за време на годишнината може да се отклучат поголем број карти. Во три наврати имаше доделување на 50 карти одеднаш, иако арт стилот на цртежите за новите карти беше потпросечен и премногу детски. 

И за крај за жал, не е најдоброто, туку најлошото од настани. Во World of Warcraft воведоа практично играње 3D MOBA со ликови од WoW во пиратска тематика која ја нарекуваат WoW Plunderstorm.

Еве како изгледа тоа: 

 

 

Најлошиот момент е што за да се игра овој евент мора да имате тековна платена претплата. Не можете да играте со ликовите што веќе ги имате, туку креирате специфичен лик за евентот со пирати и PvP во стилот на Smite.

Играчите ова само ги исфрустрира затоа што не нуди наградба на нивните ликови и го сметаат за непотребен додаток и тотално промашување. Исто така е најавено и нова Сезона (Season of Discovery) во WoW Classic нешто околу што беа изнервирани поголем дел играчи кои напорно ја играа претходната плаќајки целосна цена за претплата секој месец, за напредокот да не им значи ништо во најновата верзија. 

Би ви препорачале Warframe и Black Desert наместо игрите од Близард, особено поради тоа што Warframe е бесплатна за играње, a BDO повремено ја даваат целосно на Steam но и да не е на бесплатна промоција, чини само 10 евра и се купува еднаш и се игра без претплата.