fbpx

Изборот на заменици министри на денешната собраниска седница

-

Собранието денеска во 11 часот на второто продолжение на петтата седница треба да ги именува замениците министри во Владата на Република Македонија.

Точката за изборот на замениците министри е последна, односно 23. на дневниот пред, а оваа седница ќе почне со расправа по 14. точка од дневниот ред, а тоа е годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка во 2016 година.

Како точки на дневен ред на денешната седница се и годишниот извештај за работата на Дирекцијата за заштита на личните податоци за 2016 година, на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на Државната комисија за спречување на корупцијата, како и граѓанската иницијатива на 217 граѓани измени во Законот за работни односи заради продолжување на породилното отсуство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...