fbpx

Иванов за вечерва го свика Советот за безбедност

-

Поради последните случувања со бегалската криза, претседателот Ѓорге Иванов, по денешната обиколка на јужната гранична линија, најави дека вечерва ќе го свика Советот за безбедност.

– Армијата веќе аларамира дека има сè повеќе лица што излегуваат од котата 59 и илегално преминуваат на премини кои не се обележани. Тоа ќе подразбира презмење посебни мерки од страна на АРМ за да се насочуваат тие лица што избегнуваат да бидат регистрирани. Штом избегнуваат да бидат регистрирани, тоа дава основано сомневање дека станува збор за лица кои, секако, немаат добри намери – изјави претседателот Иванов.

Терористичките напади во Париз, според македонскиот претседател, ќе имаат реакција и врз бегалската криза.

– Гледаме, утрово веќе многу земји имаат сосема поинаков пристап и кон прашањата за бегалците и кон прашањето за безбедноста и за терористичките закани, затоа што може да се очекуваат и на други места слични терористички акти какви што синоќа се случија во Париз. Така што, во сите земји на целиот континент безбедноста во овој момент е подигната, тоа го правиме и ние – изјави претседателот.

Од тие причини, како што појасни претседателот Иванов, се свикува Советот за безбедност за да се разгледаат актуелните настани и активностите што претстојат.

– Веќе за вечерва во план е свикување на Советот за безбедност, за да ја имаме на увид оваа состојба која ни ја укажа Армијата. Станува збор за повеќе од 8.500 лица кои излегуваат надвор од спомената кота 59 – изјави Иванов.

Во однос на новинарското прашање дали Македонија ќе гради бегалски кампови, претседателот Иванов појасни дека неговиот став, кој го пренел и на самитот во Брисел, е дека Македонија има капацитет за 1.500 лица на југот, кои би транизитирале, и за уште 500 лица на север, каде би излегувале.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...