Италија: Спасени 50 мигранти

-

Италијанската морнарица спасила околу 50 мигранти кои со чамец испловиле од брегот на Либија, а се стравува дека во морето исчезнале уште толку лица, јавуваат италијанските медиуми.

Морнарицата соопштила дека еден од нејзините бродови спасил луѓе во гумен чамец и оти мигрантите со патролен брод се предадени на крајбрежната стража.

Преживеаните соопштиле дека со нив имало уште околу 50 лица пред бродот да се дупне.

Портпаролот на крајбрежната стража изјави дека спасените мигранти се префрлени на сицилискиот остров Лампедуза.

Атила Бижен Жалили е нов сопственик на 85 отсто од акциите на ФК Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар на својата страница на Фејсбук денеска објави дека нов сопственик на клубот со 85 отсто од акциите на клубот, е Атила Бижен Жалили. Тие го пренесуваат...