Истражување: Купување дипломски и магистерски трудови – се знаат чинителите, но нема кој и како да ги спречи и казни

Автор: Ардит Рамадани, новинар во „Порталб.мк“

Фото: Арбнора Мемети

Моментално над 13.413 реклами за продажба и купување магистерски и дипломски тези се активни на една од страниците што се занимаваат со трговија во Северна Македонија, цените варираат во зависност од побарувачката, до 500 евра, а доколку имате среќа, можете да станете магистер на наука за само 150 евра, објави „Порталб.мк“ во нивната последна истражувачка сторија. Ниту една од овие илјадници објави не го привлече вниманието на инспекторите за образование во земјава, тоа не е регулирано ниту со позитивните закони во земјата додека граѓанското општество и експертите за образование предупредуваат дека ваквата состојба може да нè доведе до тотална деградација на образованието во земјата.

Огласи за изработка на димпомски и магистерски трудови | Принтскрин

Академската корупција и измама, продажбата на академски трудови и плагијат се синоними за проблемот што го „Порталб.мк“ го истражуваше веќе неколку месеци, којшто е точно поврзан со продажбата и набавката на дипломски и магистерски трудови од страна на некои студенти и некои повеќето веќе дипломирани студенти, кои сега ја извршуваат оваа работа со полно работно време бидејќи профитот не е мал и никој не им го попречува патот во извршувањето на ова кривично дело.

Во пазарниот свет тоа е еден од најважните принципи, кој вели дека:кога побарувачката е голема, понудата треба да биде иста, но понудите за набавка на дипломски трудови воопшто не се мали, дури и овој „производ“ можеби е лесно да се најде, со неколку кликови на веб-страниците кои главно се занимаваат со продажба и купување.

Што велат продавачите на дипломски трудови?

Под услов да остане анонимен, едно од лицата кои беа вклучени во овој нелегален пазар за продажба на дипломски трудови, се согласи да нè информира повеќе за работата што ја работи со друга група студенти.

„Оваа работа ја работам веќе 4 години заедно со друга група студенти, работиме како група и секој од нас има свој факултет што го покрива, некој економија, друг маркетинг, трет други факултети како психологија, новинарство и сл. Имајќи предвид дека оваа работа бара многу труд, ние не сме задоволни од профитот, не може да се каже дека заработуваме многу“, рече еден од продавачите на дипломски трудови.

Тој го оправдува тоа на овој начин.

Дел од разговорот со анонимниот продавач на магистерски трудови | Фото: Принтскрин

„Не знам дали професорите или членовите на комисијата се известени за ова. Сепак, тие мора да разберат дека живееме во брзо општество каде немаме простор да си посветиме време за себе“, додаде тој.

Освен цените, продавачите на магистерски тези меѓусебно не се разликуваа во ништо друго, тие велат дека „на професорите не им е грижа дали самите сте си работеле на темата, тие само сакаат да се ослободат од вас“.

Дали универзитетите од полошкиот регион се запознаени со овој феномен? 

Универзитетите во Северна Македонија во своите правни одредби не го регулираат овој чин како посебна академска измама, иако оваа регулатива казнува плагијаторство, сепак таа не предвидува казни за презентирање на туѓа работа како своја.

Изјава од Универзитетот на Југоисточна Европа со седиште во Тетово и Скопје:

„Во врска со феноменот на продажба и набавка на магистерски трудови, на УЈИЕ, официјално немаме информации од соодветните институции, кои се одговорни за да го надгледуваат квалитетот на наставата и документацијата за квалификациите во високото образование и во овој случај е одговорен Инспекторатот за образование на РСM. Доколку овој феномен е официјално потврден, сметаме дека треба да бидат алармирани сите институции што го следат квалитетот на високото образование во Северна Македонија. Универзитетите треба да ги осудат ваквите случаи, а државните институции треба да преземат конкретни мерки за да се спречи оваа многу штетна појава за образованието и општеството воопшто“, изјавија од Универзитетот на Југоисточна Европа, нагласувајќи дека на нивниот Универзитет, немало ниеден таков случај.

Изјава од Универзитетот Мајка Тереза со седиште во Скопје:

Свесни сме дека овој феномен постои, бидејќи е објавен на веб-страниците за купопродажба, како и на социјалните мрежи. Сметаме дека бидејќи најавите за оваа нечесна дејност јавно се пропагираат на веб-страници со познати адреси и овие видови на инкриминации треба да бидат презентирани пред надлежните тела и да се забрани рекламирањето на таквите промотивни страници, кој и да го прави тоа соодветно да се казни од страна на надлежните органи. Не можеме да сфатиме како досега немаше официјална реакција, кога загриженоста е на високо ниво и опасноста е јавна“, изјавија од универзитетот „Мајка Тереза“, со седиште во Скопје.

Иако се обидовме неколку пати,од Универзитетот во Тетово не сакаа да го споделат својот став на оваа тема.

Каде лежи вината?

Дел од разговорот со еден од продавачите на маристерски трудови | Принтскрин

Иако оваа академска измама постои веќе неколку години, многу професори продолжуваат да ја игнорираат и да не сфаќаат кога нивните студенти навистина не се автори на она што тие го претставуваат. Поради ова, повеќегодишниот инспектор за образование, Предраг Илиески смета дека вината е кај професорите.

„Во однос на начинот за надминување на ваквата појава, мислам дека може да се надмине доколку се воведе систем за надворешна проверка на знаењата на студентите во текот на студирањето, како и проверка на стручноста и компетентноста при вработување на истите, особено доколку истите се вработуваат во институциите на системот. Јас лично не сум имал искуство преку инспекциски надзор со кој е вршена проверка на магистерски труд“, изјави Предраг Илиевски, инспектор.

Во меѓувреме, една од причините зошто професорите не секогаш, ако не и никогаш, не ги препознаваат студентите кои презентираат теми што не ги изработиле, е тоа што некои професори, и покрај другите работни обврски на универзитетите, во текот на една година се ментори на до десет студенти додека нивните колеги се ментори на еден или ниеден студент.

Оваа неправедна поделба може да доведе до дипломирање на студенти на незаслужен начин, поради ограниченото време на професорот да се занимава лично со студентот, како што може јасно да се види и на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово.

Непропорционалната распределба на бројот на професори кои ќе им бидат ментори на студентите во текот на една година јасно се гледа и на Економскиот факултет на Универзитетот во Тетово, каде што за последните три години, еден професор, менторирал вкупно 16 студенти, додека повеќето од неговите колеги не менторирале ниту еден или само по еден студент.

Илир Мемеди од Бирото за развој на образованието го потврди постоењето на оваа појава, истакна дека тоа има врска со квалитетот на образованието на секое ниво.

„Не би бил искрен доколку кажам дека не сум информиран за тоа или дека такво нешто не постои. За жал, не можам да дадам конкретни примери или да зборувам за конкретни искуства во врска со ова, додека постоењето на ваков феномен е повеќе од очигледно, особено кога ќе видиме како во одредени случаи се вртат истите теми по неколку пати, со сменети наслови на тезите. Сето ова станува возможно при изборот на тезата, во која менторот мора да биде факторот што ја избира (тој има професионална обврска) а не студентот. Во такви случаи, студентот-кандидат ја има слободата да ја избере темата и како резултат на тоа тој почнува да плива за да ја фати подготвена „веќе фатената риба“, истакна Илир Мемеди од Бирото за развој на образованието.

Илир Мемеди | Фото: лична архива

Тој додаде дека овој феномен е резултат на она што им се нуди на студентите во претходните циклуси. Истото додава дека „за жал, се чини дека ова се замесува многу порано во претходните нивоа на образование, како што се средното и основното образование. Во студиските програми, соодветно на критериумите за евалуација на достигнувањата, меѓу другото, се претставени и реализацијата на семинарските трудови и последната – дипломската работа. Семинарските трудови во повеќето случаи дадени се доста формално и на начин на којшто студентите можат лесно да се „ориентираат“ за да ги најдат веќе подготвени, т.е. платени од некој кој ги сработил или е подготвен да ги подготви за одреден надомест. Доколку ова не би било можно, тоа би им овозможило на студентите да не зависат од странична „помош“, туку самоуверено да ја реализираат оваа фаза, што секако ќе им послужи како искуство и предизвик во професионалните задачи во текот на нивната кариера. Моментот на нивниот избор, презентацијата и конечно нивното оценување главно е формален. Токму оваа формална проценка ја оправдува нивната формална реализација. Значи, студентите во овој случај се помалку виновни. Сепак, посериозниот пристап кон оваа постапка создава искуство како и креативни и критички вештини на студентот за да ги извршува следните задачи посветено и конечно со автентичен и оригинален пристап. Токму оваа форма на реализација на семинарски трудови го „води“ студентот до следните задачи и зошто да не и до магистерски труд“, вели Мемеди.

Тој додава: „Штетата предизвикана од овој феномен е неизмерна во контекст на последиците што ги дава, бидејќи овој феномен ме тера да ги оправдам некомпетентните кадри кои во иднина како такви ќе им послужат на идните генерации во создавањето на нови „нормални“ стандарди. Во контекст на квалитетот, ова се докажа веќе неколку години, особено на меѓународните тестирања и рангирања, како ПИСА, Тајмс, итн. кои всушност ги одразуваат достигнувањата на студентите и, следствено, квалитетот на целиот образовен процес што не го исклучува делот на управувањето со персоналот и наставниците во соодветните институции. Во целиот овој процес, нема сомнение дека трчањето да се обезбеди голем број студенти без соодветни критериуми служи како постојан катализатор за интензивирање на овој феномен“, рече Илир Мемеди.

Од Младинскиот образовен форум, кои главно се занимаваат со проблемите на образованието во РСМ, сметаат дека овој феномен е крајно вознемирувачки и може целосно да ја уништи перцепцијата на младите за високото образование. 

„Сведоци сме на многу отворени групи и платени реклами на социјалните мрежи кои нудат пишување на академски трудови на различни теми и области, а во исто време надлежните институции не преземаат речиси ништо“, изјавуваат од Младинскиот образовен форум (МОФ).

„Ако се прашуваме кои чинители треба да ги обвиниме за оваа појава, тогаш ќе треба да размислуваме пошироко, почнувајќи од образовните институции од каде доаѓаат барателите на овие услуги, но и недостатокот на ефикасна комисија и користење на програми и пристапи за препознавање и откривање на „украдените“ содржини. Па така, одговорноста лежи на повеќе места, кај студентите кои купуваат академски трудови, кај оние лица кои ги изработуваат трудовите, но најмногу кај професорите и факултетите кои не посветуваат доволно внимание за да утврдат сопственост врз академските трудови кои ги оценуваат”, велат од МОФ.

Според нив, оваа појава може да се спречи преку два начина, и тоа, 1) едукација и 2) поголема ангажираност на надлежните институции. Имено, во однос на едукацијата важно е на студентите да им се објасни зошто личното креирање на пишан труд е важен за нивниот академски успех меѓутоа и општо која е важноста на креирање на трудови во академската заедница и како тоа влијае врз нивниот професионален и личен развој.

Вториот метод е преку поголема ангажираност на надлежните институции (МОН, Универзитети, Факултети) во „ловење“ на овие сервиси кои се овозможуваат на студентите и брзо казнување на плагијаторите. За жал, додека не се постави пример дека плагијаторството е дело кое се казнува и прави повеќе штета отколку олеснување на студиите, истото ќе биде опција која многу студенти ќе ја одбираат наместо да ги исполнуваат нивните обврски.

Инаку, бројот на студенти кои покажуваат интерес за запишување на втор циклус и оние кои дипломираат е значително зголемен во Северна Македонија. Според Државниот завод за статистика, во 2009 година магистрирале 412 лица, додека во 2019 година вкупно 1.736 лица.

Подготовката на оваа истражувачка сторија е поддржана од Иницијативата за демократија на Западен Балкан, програма на Фондацијата за демократија на Вестминстер. Содржината на оваа истражувачка сторија не ги одразува ставовите или мислењата на Фондацијата за демократија на Вестминстер или Британската Влада.