Изборен штаб на ДУИ во населбата Скопје Север бил оштетен од засега непознат сторител, извести СВР Скопје.

Штабот  се наоѓа на улицата Тале Христов, а биле искршени две стакла од излогот и стаклена врата. Во полиција случајот бил пријавен вчера во 15.25 часот.

СВР Скопје вели дека се работи на откривање на сторителот.