недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: искршен | 8 резултати

Искршени стакла на изборен штаб на Беса во Скопје Север

октомври 2, 2017

Ноќта меѓу саботата и неделата биле искршени две стакла на излогот на изборниот штаб на Беса на улицата Тале Христов во скопската населба Скопје Север и биле искинати шест плакати, соопшти СВР Скопје. Настанот  бил пријавен вчера. Полицијата вели дека работи на расчистување на случајот.

Заев во Прилеп најави општински дебати и пријателска кампања

септември 30, 2017

Лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, денеска во Прилеп најави новост во кампањата на неговата партија – општински дебати. Првата ја отвори денеска напладне, во градот под Марковите кули, и порача дека со тоа кампањата на СДСМ и на коалицијата добива „нов модерен стил и формат“. – Драго ми е што, еве, денеска почнуваме […]

Искршен излог на изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци

септември 30, 2017

Искршен излог на изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ на улицата Моша Пијаде во Кавадарци бил пријавен вчера претпладне во полициската станица во градот.  Како што извести МВР, стаклото било искршено со камен во периодот од завчера вечерта до вчера наутро. По сторителот се трага.

Искршени прозорците на штаб на СДСМ во Арачиново

ноември 7, 2016

Од непознато возило во движење, непознати лица фрлиле разни предмети кон прозорците при што искршиле четири прозори од партискиот штаб на СДСМ во Арачиново. Случајот го пријавил во полиција И.Ф. од Арачиново, кој е сопственик на куќата каде што се наоѓа партискиот штаб, а според полициските информации, настанот се случил околу 5 часот утрово. Полицијата […]

Страна 1 од 1