четврток, 18 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Скопје Север | 6 резултати

Искршен штаб на ДУИ во Скопје Север

октомври 4, 2017

Изборен штаб на ДУИ во населбата Скопје Север бил оштетен од засега непознат сторител, извести СВР Скопје. Штабот  се наоѓа на улицата Тале Христов, а биле искршени две стакла од излогот и стаклена врата. Во полиција случајот бил пријавен вчера во 15.25 часот. СВР Скопје вели дека се работи на откривање на сторителот.

Искршени стакла на изборен штаб на Беса во Скопје Север

октомври 2, 2017

Ноќта меѓу саботата и неделата биле искршени две стакла на излогот на изборниот штаб на Беса на улицата Тале Христов во скопската населба Скопје Север и биле искинати шест плакати, соопшти СВР Скопје. Настанот  бил пријавен вчера. Полицијата вели дека работи на расчистување на случајот.

Страна 1 од 1