Четири паралелки од прво одделение во „Петар Здравковски – Пенко“ учат во градинка

-

Четири паралелки од прво одделение во основното училиште „Петар Здравковски – Пенко“ во населбата Скопје Север, поради недостиг на простор, односно училници во училишната зграда, ја реализираат наставата во градинката што се наоѓа во близина на училиштето, известува „Порталб“.

Родителите се загрижени, бидејќи доколку не се прошири постојнaта училишна зграда, за овие паралелки нема да има простор и наредната година.

– Слушнавме дека е побарано проширување, но не знаеме кога ќе се случи тоа. Не знаеме како ќе учат децата следната година, дали ќе го продолжат второто одделение во градинката? Првото одделение е повеќе низ игра и забава, но во второ одделение децата почнуваат да учат и овој простор не изгледа соодветен – велат родителите.

Директорот на ова училиште, Енис Мемети, за „Порталб“ вели дека е поднесено барање од Министерството за образование, при што е побарано на училишната зграда да се додадат простории за четири паралелки, односно за паралелките што сега наставата ја следат во соседната градинка.

– Доставено е барање до МОН за проширување, и во објектот што ќе се гради, како за почеток, да се направат четири дополнителни училници. Причината поради која ги бараме изградба на четири училници се поради тоа што имаме четири паралелки коишто учат во градинката во близина на нашето училиште. Тие се од прво одделение, и планираме тие паралелки да ги сместиме во дополнителниот објект што го бараме. Ова ни е приоритетно барање – вели Мемети.

Тој појаснува дека според разговараното со Министерот за образование, Арбр Адеми, се надева дека овој проект ќе биде дел од буџетот на МОН во следната година.

Во ова училиште учат 1.654 ученици, поделени во 65 паралелки, на три наставни јазици: албански, македонски и турски. Има и паралелки во кои е надминат законски определениот број на ученици. Согласно законот, минималниот број ученици во еден клас е 24, а максималниот 34, но паралелки може да се формираат и со помал број ученици доколку се исполнат условите.

Секој родител кој има поплаки за нерегуларности во основните училишта на Македонија може да го пријави случајот во Секторот за основно образование при Министерството за образование и наука.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...