fbpx

Ирачкото знаме развеано во Рамади

-

Ирачките антитерористички сили денеска го подигнале ирачкото знаме на државниот комплекс во западниот град Рамади, соопшти воениот портпарол.

Симболичниот потег следува еден ден откако војската прогласи победа над борците на Исламска држава во градот.

– Да, градот Рамади е ослободен. Ирачките антитерористички сили го подигнале знамето над владиниот комплекс во Анбар – соопшти портпаролот на воената операција, генерал Јахја Расул.

Рамади е оддалечен околу 90 километри од Багдад, а во рацете на исламистите падна во мај годинава, што претставуваше понижувачки пораз за ирачките сили.

Војската и специјалните единици со поддршка на меѓународната коалиција со недели се обидува да го заземат овој град со мнозинско сунитско население.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...