Играта Daemon X Machina бесплатна на Epic Games до 3 февруари

Скриншот од Epic Games
Скриншот од Epic Games

Daemon X Machina  e бесплатна на Epic Games до 3 февруари. Играта во нормална продажба чини 50 евра, а додека трае промоцијата на Epic Games може да се преземе бесплатно. Се работи за одлично сработена игра во аниме стил што е многу динамична и интересна и потсетува на едно од постарите аниме „Роботека“. Во играта возите роботи попознати како „Mecha“ кои функционираат како ваш „арсенал“, можете да имате до 6 различни оружја и да користите максимум 4 истовремено од автоматски големи пушки, до големи мечови и штитови. 

Битките се повеќе забавни одошто тешки, но аниме елементите се сработени доста добро и супер коренспондираат со најновата графика имплементирана во оваа игра. Додека ви се вклучуваат дијалозите од другите придржуници во сред мисија може да има „баг“ којшто нема да ви даде да мрдате додека сте во „cutscene“, но тоа не се случува често.

Се борите против секакви непријатели, од тенкови до летачки возила кои откако ќе ги уништите можете да земете ново оружје. Контролите се лесни и туторијалот е доста разбирлив. Сè што останува е да се забавувате во оваа досега најдобра игра со „Mecha“ роботи.