fbpx

Хашкиот суд со прва пресуда за командант на ОВК: Салих Мустафа доби 26 години затвор

-

Бившиот командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Салих Мустафа е осуден на 26 години затвор од Специјалните совети за Косово во Хаг. Мустафа е осуден за воени злосторства над албанските цивили нелојални на ОВК, извршени во април 1999 година.

Како што пренесува агенцијата Асошиејтед прес, ветераните од ОВК ги обвиниле албанските жртви во Косово дека соработувале со Србите или не ја поддржуваат ОВК за време на воениот конфликт во 1999 година. Салих Мустафа беше уапсен во 2020 година во Косово и потоа префрлен во Холандија на судење.

На пресудата за Мустафа реагираше поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај, кој воедно е и еден од останатите осомничени за извршени злодела од страна на ОВК за време на војната во Косово, кој рече дека силно верува во невиноста на ОВК, пренесува Радио-телевизија Косово.

Денешната казна за Мустафа, според Харадинај, е само еден степен на правдата и се надева дека неговиот случај допрва ќе има поинаков епилог, пресудата ќе биде обжалена и тој ќе биде ослободен.

Процесот против бившиот командант на ОВК Мустафа е првото судење за воени злосторства сторени од припадници на ОВК пред хашкиот суд. Судењето почна на 15 септември минатата година. Судскиот совет што го судеше Мустафа објави дека наскоро ќе издаде и наредба за обесштетување на жртвите кои биле мачени од страна на Мустафа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...