fbpx

Ковачевски: Дојавите за бомби се хибридна војна, МВР работи во координација со НАТО

-

Откако полицијата ги изврши проверките по денешните дојави за бомби и се утврди дека се лажни, премиерот Димитар Ковачевски на прес конференција во Владата ги карактеризираше како хибридна војна против земјава и директно ги поврза со руската агресија во Украина.

„За очекување е дека ова е дел со она што се случува во Европа. Ако ја гледате содржината на дојавата на бомбите многу е јасно дека во Европа постојат две страни – едната која вели дека државите не треба сами да го одредуваат својот демократски пат, како што е Украина, и друга страна на која ние и припаѓаме – демократскиот свет, членка на НАТО и страна која е составена од држави членки кои се дел од ЕУ, или земји кои ќе станат дел од ЕУ, како нашата“, рече Ковачевски.

Ковачевски истакна дека тој и дека министерот за внатрешни работи веќе информираа дека надлежните сектори во МВР работат во координација со партнерските служби во НАТО и додаде дека ова не е само проблем на нашата земја туку и во многу други држави.

„Доколку ги погледнеме пораките кои денека се пуштени за дојави на бомби во нашата држава и доколку се споредат со пораките на пример во Црна Гора, или други држави ќе се види дека се работи за речиси идентични пораки на кој начин се најавуваат бомбите. Тоа што некоја држава успеала да најде еден случај на некој што дојавувал тоа не значи дека се најдени сите. Исто така и ние ве информиравме дека најдовме еден случај на наш граѓанин кој што тоа го имаше правено за кој што се води соодветна постапка“, рече премиерот Ковачевски.

И шефот на дипломатијата, Бујар Османи, денеска кажа дека земјава стапила во контакт структурите на НАТО, за да се види каков хибриден пристап кон регионот може да се случи и која би можела да биде причината.

Дојави за бомби испразнија училишта, хотели, трговски центри и скопскиот аеродром

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...