fbpx

ЕВН: ЕСМ нуди за 16 отсто повисока цена за произведената струја и за 25 отсто пониска цена за покривање на загубите

-

ЕВН Хоме, кој е Универзален снабдувач на електрична енергија за домаќинствата и мали потрошувачи, соопшти дека на денешниот тендер за набавка на електрична енергија за периодот јануари-јуни 2023, добил само една понуда – од државната енергетска компанија АД ЕСМ.

АД ЕСМ ѝ понудил на ЕВН Хоме купопродажна цена на електрична енергија од 56 евра за мегаватчас, за покривање на 100 отсто од вкупно планираните количини. ECM, исто така, понудил и нова пониска за 25% цена за покривање на загубите на струја со 110 евра за мегаватчас, наместо досегашните 148 евра за мегаватчас.

„Оваа цена е за околу 16 отсто повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јули-декември 2022), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 48 евра за мегаватчас“, соопштува ЕВН Хоме.

За цената на струјата што во првата половина на 2023 година ќе ја плаќаат крајните потрошувачи што ги снабдува ЕВН Хоме ќе треба да одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

„Таа ќе зависи од повеќе влезни параметри, како што се: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција“, објаснува ЕВН Хоме.

Во однос на понудата од АД ЕСМ, државната електрокомпанија потврди дека се пријавила на ЕВН Хоме да продава струја по 56 евра за мегаватчас во однос на досегашните 48 евра за мегаватчас.

Дополнително, АД ЕСМ соопшти дека понудиле пониска цена за загубите на струја на Електродистрибуција, која е крајниот преносник на струјата, па така сега Електродистрибуција, која е фирма основана од ЕВН, ќе плаќа по 110 евра за мегаватчас за покривање на загубите, наместо досегашните 148 евра за мегаватчас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...