fbpx

Груевски-Петерле: ЕУ и НАТО се темелна определба на Македонија

-

Премиерот Никола Груевски денеска се сретна со копретседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет на Република Македонија и Европската унија, Алојз Петерле.

Според соопштението од Владата, на средбата соговорниците разговарале за интеграциските процеси на Република Македонија, реформите кои се реализираат во повеќе општествени сфери и за исполнувањето на мерките во согласност со планот за напредок и за членство на државата во Европската унија и во НАТО, како темелна определба на Република Македонија.

Премиерот Груевски подвлекол дека за Владата членството во Европската унија претставува значајна стратегиска определба, за што интензивно се работи во реализацијата на понатамошни реформи кои ќе овозможат напредок. Тој истакнал дека мерките што се преземаат во економијата, креирањето поволна бизнис-клима, стимулирањето на инвестициската активност, се за да се помогне на стандардот на граѓаните во насока на негово зголемување, внесување стабилност и сигурност кај граѓаните.

Премиерот Груевски посочил дека паралелно се преземаат мерки во повеќе општествени области, чија цел е исполнување на зацртаните критериуми, подобрување на квалитетот на работата и овозможување на напредок на различни полиња, за што е потребно откочување на процесот и напредок во интеграциските процеси на државата.

На средбата биле разменети мислења за актуелната политичка ситуација во државата, при што премиерот Груевски ја истакнал важноста и се заблагодари на активната поддршка и иницијативност и на Мешовитиот парламентарен комитет и на Европската унија за надминување на политичката криза.

Соговорниците разговарале и за надворешно-политичките односи важни во процесот на европски интеграции, при што премиерот Груевски ја истакнал значајноста на регионалната соработка на повеќе нивоа, како и определбата на државата за градење добрососедска политика.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...