fbpx

Груевски: Не само што е невистина дека ги мразам Албанците, туку е обратно

-

Во третиот дел од „мегаинтервјуто“ за интернет-изданието на „Република“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, говори за двојазичноста, кантонизацијата, за разликите во сфаќањето на патриотизмот, како и за „манипулациите на Сорос со овој термин“.

Груевски вели дека кај концептот на кантонизација најмногу го плаши „растурањето на државата“.

Прашан зошто и како не се растуриле Швајцарија или Белгија, тој вели дека тоа е поради „огромната разлика помеѓу нив и нас“.

„Прво, ние живееме во турбулентен регион, со многу радикални структури и со многу конфликти во историјата, со дел од соседи кои, како и низ историјата, сè уште на Македонија или на дел од неа гледаат како на можен плен во иднина. Не е случајно што македонското прашање сè уште не е затворено. Кантонот е држава во држава, која има право на самоопределување, до отцепување. А, ова е Балкан. Ние немаме по 60.000 евра БДП по жител, па тоа да ни е кохезивен фактор. Погледнете ја Босна, и таа е кантонска земја. Нека паднат Белгија или Швајцарија на 5.000-6.000 евра БДП по жител, па ќе видите што ќе се случи со кантоните. Значи, мојот став и ставот на ВМРО не е против Албанците, туку во правец на зачувување на целовитоста и на унитарноста на државата. И секој Албанец што сака да живее во оваа земја, а не во друга, треба да знае дека ние сме на негова страна, а не против него“, вели Груевски.

Осврнувајќи се повторно на прашањето дали е патриот или националист, Груевски вели дека во време кога не ни ги признаваат идентитетот и името, Соросовите невладини организации пропагираат и наметнуваат чувство на срам, создаваат приказ како да е под честа да се има цврст став за вакви теми и се борат со сите сили да ја симнат ВМРО-ДПМНЕ од власт за полесно да тераат со СДСМ. Па, со таа цел „нè прават националисти, недемократи, режим, криминалци, лоши луѓе, ни спинуваат, ни вадат од контекст…“, тврди Груевски.

„Некои медиуми и политичари што се мои противници, им врежаа во глава дека ги мразам Албанците, дека сум против нив, дека сум против албанскиот јазик, универзитети, знаме и слично, што е невистина. Целосна невистина. Не само што е невистина, туку е и обратно. И видете, тоа го говорат од СДСМ, партија која во минатото на дело покажа антиалбанство“, вели Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...