fbpx

Груби: Единствен датум за избори годинава е 11 декември

-

Разликите се минимални, тие можат да се надминат и денеска да постигнеме конечен договор, рече Артан Груби од ДУИ, пред почетокот на денешната рунда преговори помеѓу политичките партии потписнички на Договорот од Пржино во Клубот на пратеници.

– Разговорите се одвиваат во конструктивна атмосфера. Разликите се многу минимални и сме блиску до договор. Се надевам дека договор ќе постигнеме денеска или најдоцна утре, а единствената можна дата за избори оваа година е 11 декември – рече Груби.

Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ вели дека СДСМ постојано одбива предлози, а дека неговата партија е конструктивна и постојано дава нови предлози за да се постигне конечно решение.

– Генерално, се разговара за две работи. Првата е по завршување на изборите да заврши владата од Пржино и, втората, да не може да се прави злоупотреба и масовна партиска чистка во МВР – изјави Тодоров.

Тој вели дека ако СДСМ ги прифати овие, според него, рационални принципи, денеска ќе се постигне договор.

Според Радмила Шекеринска од СДСМ, пак, ВМРО-ДПМНЕ бега од регуларни избори и од Договорот од Пржино.

– Сметаме дека на Македонија час поскоро ѝ требаат демократски и фер избори и затоа предлагаме решенија, а не отвораме нови прашања – вели Шекеринска.

Преговорите на политичките партии денеска се одвиваат во Клубот на пратеници, а присуствуваат и претставници на Делегацијата на Европската Унија во Скопје и американскиот амбасадор, Џес Бејли.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...