fbpx

Грчката железница со неизвесна иднина

-

На последниот повик на тендерот за приватизација на грчката железница ОСЕ, кој заврши вчера попладне, се пријави само една компанија, односно Италијанската државна железница, додека на повикот за приватизација за компанијата „Роско“, која работи на одржување на железницата, немаше ниту една пријавена понуда.

Ваквиот исход предизвика големо изненадување во Грција, каде се очекуваше понуда и од француската и од руската државна железница.

За потсетување, самиот руски претседател Владимир Путин за време на неговата неодамнешна посета на Атина најави дека Русија е заинтересирана да го преземе солунското пристаниште во пакет со железницата.

Русите како конзорциум со грчката компанија „ГЕК Терна“ имаа поднесено понуда на претходниот повик за продажба на ОСЕ, а на истиот учествуваа и француската и романската железница. Меѓутоа, претходниот тендер пропадна бидејќи, според објаснувањето на грчкиот Фонд за приватизација, немало суштински интерес за купување на грчката железница.

Според најавите од Фондот, со само една пријавена понуда ќе се почне процесот на разгледување на понудата и на анализа дали таа би можела да биде прифатена.

Грчкиот весник „Катимерини“ пренесува дека доколку компанијата не се приватизира, ќе мора да ја врати државната помош од повеќе од 700 милиони евра, нешто што изгледа невозможно ако се земе предвид дека сметката на железницата е празна. Ова е обврзувачко според договорот меѓу грчката влада и Европската комисија од пред неколку години, постигнат за државата да може да ја спаси железницата од банкрот.

Тендерот за приватизација на железницата се одложуваше пет пати во текот на минатата година. Доколку Италијанската железница биде избрана за нов сопственик на ОСЕ, таа ќе го има главниот збор за грчката железничка мрежа, за која се отвораат бројни бизнис-можности за товарен сообраќај откако кинеската КОСКО ќе го преземе целосно пристаништето во Пиреја.

Против приватизацијата на компанијата со недели штрајкуваат вработените во железницата. Штрајкот почна пред речиси еден месец и се одвива со откажување на возовите во текот на неделата, најчесто од вторник до петок, што создава сериозни проблеми и за Грците и за туристите во транспортот меѓу Атина и Солун.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...