fbpx

Грчката Нова демократија в недела го избира новиот партиски лидер

-

Викендов се одлучува за новиот претседател на десничарската Нова демократија. В недела грчките десничари и регистрирани членови и симпатизери на партијата, која од владејачка, пред една година, падна во мрачна сенка на внатрешни скандали, раздор и на неможност да избере лидер со месеци, ќе гласаат на вториот круг и ќе одлучат дали партијата отсега ќе ја води повторно претставник на кланот Мицотакис, поранешниор министер Кирјакос Мицотакис или, пак, на кормилото ќе се врати привремениот претседател Евангелос Меимаракис.

Кој ќе биде победникот може да одлучат гласачите и симпатизерите на партијата од Солун и од Сeверна Грција, односно повеќе од 80.000 гласачи, а се чека да се покаже на која страна ќе се наклонат поддржувачите на солунскиот префект Апостолос Ѕиѕикостас. Ѕиѕикостас, исто така, беше во трка за лидер на партијата, меѓутоа во првиот гласачки круг не изби како еден од главните два избори на десничарските гласачи и со својата поддршка би можел да помогне да се одлучи за идниот лидер.

Во Солун денеска пристигнува Мицотакис, а Меимаракис е веќе таму неколку дена, на средби со функционери од партијата. Обајцата се во исчекување на пораката што ќе ја испрати Ѕиѕикостас кон гласачите од Северна Грција и која се очекува да ги донесе одлучувачките гласови за насоката во која во иднина ќе се движи партијата. Оценките се дека Ѕиѕикостас може да се одлучи за неутралност и да испрати порака секој од гласачите да гласа според своето мислење и според сопствениот став за иднината на главната десничарска партија во Грција.

Процените се дека гласачите од Северна Грција и од Солун, особено повисоките функционери на партијата, можно е да му се повеќе наклонети на Меимаракис, сметајќи го за подобра опција бидејќи неговите ставови се повеќе во линија со ставовите на поранешниот претседател на Нова демократија, Костас Караманлис, кој ужива силна почит во регионот и кој и самиот ја поддржува кандидатурата на привремениот претседател на Нова демократија, кој ја водеше партијата по ненадејната оставка на Андонис Самарас летово.

Меѓутоа, каков ќе биде конечниот исход ќе пресуди одлуката меѓу старите и новите идеи. Битката меѓу Меимаракис и Мицотакис многумина ја оценуваат како битка меѓу старата Нова демократија и новите идеи и можности. Единствената црна дамка на Мицотакис, кој се гледа како претставник на новите идеи во партијата, е неговото име и семејство, кои со години се на врвот на партијата. Оцените во Грција се дека тие што сакаат враќање на крилото и на идеите на Караманлис, веројатно ќе застанат на страната на Меимаракис, додека тие што сакаат да видат реформирање и свеж ветер во партијата, својот глас ќе го дадат за Кирјакос Мицотакис, кој веќе неколку години аналитичарите го споменуваат како еден од свежите лица и нови кадри на партијата што може да внесе вистински промени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...