„Граѓаните за Македонија“ испратија писмо до меѓународната заедница

-

„Граѓаните за Македонија“ испратија писмо до комесарот Јоханес Хан, до европратениците Ричард Ховит, Едуард Кукан и Иво Вајгл, пратениците на ЕП кои се членови на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Македонија, координаторите на парламентарните групи во Европскиот парламент, амбасадорите на државите-членки на ЕУ во Македонија и до амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Македонија, во кое се вели дека треба да им биде вратено општеството на оние на кои им припаѓа, на граѓаните на Македонија.

„Согласни сме дека граѓанскиот сектор во секое демократско општество треба да биде коректив на власта и едногласни сме дека нашето општество веќе не е демократско, дека ги исцрпивме сите методи и дека ги направивме сите обиди да ја вразумиме актуелната власт во Македонија. Оваа власт одбива да се вразуми и затоа треба да си оди и да ја ослободи државата од заложништво. Немаме веќе време, ниту трпение, ниту верба во оние што досега ја водеа државата, зашто ја водат во пропаст, го трошат богатството на нашата земја и ги бркаат нашите деца во емиграција, во неповрат. Едногласни сме и дека демократијата, плурализмот и учеството на граѓаните во носењето одлуки треба да ги практикуваме секојдневно, во секој сегмент од општественото живеење, а не само на денот на избори. Ние сме за разноликост и за слободно изразување, а не за едноумие. Сакаме слободно општество, а не контролиран живот и исплашени граѓани. Едногласно бараме итно да се формира преодна влада, која ќе обезбеди пречистување на избирачкиот список, ослободување на јавниот сервис МРТ од контрола на власта, избор на независен јавен обвинител, како и организирање целосно слободни и демократски избори, кои ќе ја одразат реалната политичка волја на граѓаните на Македонија. Составот на преодната влада е прашање на договор меѓу главните политички партии. Сепак, составот на таа влада треба да ги исклучи сите членови на актуелниот состав на Владата на Македонија бидејќи сите тие се сериозно компримитирани преку нивните зборови и дела регистрирани во сниманите разговори објавени од опозицијата. Затоа, учеството на кој било член на актуелниот состав на Владата во преодната влада може сериозно да го поткопа кредибилитетот на целиот процес и вербата на граѓаните во праведно решавање на политичката криза“, се вели во писмото на „Граѓаните за Македонија“.

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...