fbpx

Граѓаните на протестот „Доста е“ побараа оставка од Владата

-

Група граѓани пред Владата на Република Македонија, со извици „Стоп за диктатурата“, „Нема правда, нема мир“ и „Никола оди си“, вечерва побараа оставка од министерот за здравство Никола Тодоров, од премиерот Никола Груевски и од целата негова влада.

– За протестов има повеќе причини. Повод беа неколку смртни случаи во здравствени домови и на улиците. Ова се случува како директна или индиректна последица на неодговорноста и на нефункционалниот систем што со години опстојува во државава. Надлежните не прават ништо за да го сменат. Не постои никаква контрола. Политичките елити, кои имаат моќ и треба да направат нешто во врска со тоа, на полноќ си прават скриени муабети, зад затворени врати. Не го слушаат гласот на обичниот човек. Ние не можеме ништо да направиме освен да се појавиме на протест, каков-таков. Ова е целосно неорганизирано, само преку фејсбук-настани се случува – рече Никола Штеријов од левичарското здружение „Солидарност“.

Штеријов истакна дека бараат, пред сè, оставка од министерот Тодоров за лошата состојба во здравството и поради последните смртни случаи.

– За вакви случаи, во секоја културна држава, министерот би си поднел оставка. Многу пари се трошат од буџетот за непотребни работи, како што е фасадата на Владата. Со тие пари не само што може да се инвестира во подобрување на условите во здравството, туку на многу пациенти кои не можеа да се лечат во земјава, можеше да им се плати лекување во странство – рече Штеријов, додавајќи дека ќе се подготвува подобро организиран протест и ќе се маршира пред Министерството за здравство.

Од „Солидарност“ не се изненадени што засега нема реакција од надлежните институции. Сепак, тие велат дека мора да се продолжи со протестите и оти можеби и некој ќе ги послуша.

Дел од присутните беа револтирани поради малиот одѕив на граѓаните, велејќи не е доволно да се стискаат „лајкови“ на социјалните мрежи, туку треба да се излезе на улица и тука да се изрази незадоволството.

Во моментов, како што најави Штеријов, одредени прогресивни здруженија во Македонија се организираат и очекуваат деновиве помасовно да викнат на протести.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...