fbpx

Граѓаните и денеска ја повикуваат полицијата да им се придружи на протестите

-

Зголеменото полициско обезбедување не ги спречи граѓаните, кои осми ден протестираат, да се доближат и денеска до Собранието на Република Македонија. Тие од пред Специјалното јавно обвинителство (СЈО) пристигнаа пред Собранието, повикувајќи ја полицијата да им се придружи, а движејќи се по маршрутата извикуваа: Оставка, оставка“, „Нема правда, нема мир“, „Никола на робија“, „Мафијшка држава“, „Николче диктаторче“…

Еден од демонстрантите во името на целата група што протестира рече дека преговори во овие услови се невозможни. Тој уште еднаш ги повтори барањата на граѓаните: повлекување на одлуката за аболиција од претседателот Иванов и негова итна и неотповиклива оставка, Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, да се формира специјално одделение во Кривичниот суд за случаите за кои е надлежно СЈО, да се повлече одлуката за избори на 5 јуни, да се вклучат независни претставници во процесот на решавање на политичката криза и преговорите да се одвиваат на територија на Република Македонија.

Тие бараат и преодна влада, која ќе ги имплементира забелешките од Рајнхард Прибе.

И денеска, точно во 18 часот, граѓаните ја блокираа улицата пред СЈО и го почнаа протестот против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да помилува 56 политичари од судски процеси.

Од пред Собранието на Република Македонија, според практиката, протестот ќе продолжи кон Владата на Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...