fbpx

Градските власти на Москва ја запечатија канцеларијата на „Амнести интернешнл“

-

Градските власти во Москва во текот на ноќта ја запечатиле канцеларијата на организацијата за човекови права „Амнести интернешнл“.

Директорот на московската канцеларија на АИ, Сергеј Никитин, изјави дека утринава, кога стигнале на работа, вработените затекнале сменета брава на влезот, со залепена етикета со лого од градските власти.

Тој рече дека организацијата веќе 20 години ги изнајмува просториите.

Организациите за човекови права во Русија изминатите години се жалеа дека им се врши притисок и оти им се закануваат на нивните членови, а се носат и контроверзни закони што ја уредуваат работата на невладините организации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...