fbpx

Град Скопје: Обврска да ја отстрани галијата кај Холидеј Ин е на оној што ја поставил

-

И покрај тоа што Градот Скопје го започна рушењето на една од трите галии во строгиот центар, по неколку месеци од почетокот на постапката објектот спроти Холидеј Ин не е отстранет. Новата градска власт вели дека самиот инвеститор којшто ја изградил галијата е оној што треба да ја отстрани од речното корито во Вардар.

Мета.мк изминативе денови забележа паднато дрво и друг отпад што беа закотвени на една од галиите во центарот на Скопје. Ова нè поттикна да испратиме прашања до Градот Скопје околу чистењето на закотвениот отпад во речното корито на Вардар, но и за веќе започнатата постапка за рушење на галиите.

„Обврската за отстранување на галијата е кај оној кој ја поставил“, е краткиот одговор од Град Скопје на нашите прашања зошто Градот Скопје не ја отстрани полуразрушената галија од речното корито и кога ќе продолжи нејзиното рушење.

Изминативе недели нема никаква активност на терен за довршување на рушењето на галијата. Со започнатото рушење од претходното градско раководство речиси целата внатрешност беше отстранета, но самата бродска конструкција со огромна дупка остана во речното корито.

Скопската градоначалничка Данела Арсовска во ноември лани најави дека ќе продолжи со рушењето на „галијата“ спроти хотелот Холидеј Ин.

„За другите две треба да видам како стојат работите, до каде се постапките па потоа ќе се одлучи што ќе се прави. Јас не би урнала ништо“, изјави градоначалничката Арсовска пред два месеца.

Од Градот Скопје денеска велат дека за другите две галии нема никакво решение за нивно отстранување.

Градоначалничката Арсовска во ноември лани рече дека нејзиниот личен став е оти ништо не треба да се урне, одговарајќи на прашањето за трите галии во реката Вардар.

Инаку, поранешниот градоначалник Петре Шилегов на почетокот на уривањето на галијата соопшти дека сите услови за нејзиното отстранување се исполнети, односно сопственикот немал платено три кирии, што според договорот овозможува негово раскинување. Шилегов ја почна постапката за уривање и на бродот кај МЕПСО, но за него немаше добиено извршно решение поради тужба на сопственикот.

За галијата кај Холидеј Ин се водеше исто така судска постапка, а сопственикот на бродот изјави дека инвестицијата во неговата изградба чинела 1,2 милиони евра. Тие тврдеа дека концесиите кон Град Скопје уредно ги плаќале, додека градската власт еднострано го раскинала концесискиот договор.

Инаку, поставувањето на галиите, заедно со врбите, во коритото на реката Вардар ја намалува проточноста на речните води во центарот на Скопје, која би можела да биде многу важен проблем во услови на закана од поплави во градот. Реката Вардар има уредено корито по скопските поплави во 1962 година. Најголем дел од течението во Скопската котлина, од Сарај до железничкиот мост меѓу Трубарево и Лисиче е со две зони на заштита – минор и мајор корито, изградено во 60-тите и 70-тите години на минатиот век, со цел да го заштитат главниот град од евентуални поплави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...