fbpx

Говорот на омраза вознемирувачки, МВР ветува дека ќе го расчисти инцидентот „Добар Шиптар, мртов Шиптар“

-

Продолжуваат реакциите во јавноста по инцидентот што се случи пред неколку дена во населбата Ѓорче Петров, каде „Комитите“ провоцираа извикувајќи „Добар Шиптар, мртов Шиптар“. Од Хелсиншкиот комитет за човекови права преку соопштение за јавноста велат дека навивачките групи треба да престанат да бидат актери на претстави насочени кон поларизирање на општеството, пишува „Порталб.мк“.

Тие понатаму истакнуваат дека, иако во изминатиов период многупати се реагирало во врска со овој феномен, ситуацијата останува иста. Затоа, според нив, борбата против оваа појава треба да ја развијат институциите, а да ја поддржат сите други фактори во државата – политичките партии, граѓанскиот сектор, спортистите, федерациите итн.

„Сметаме дека е време суштински да се справиме со овој проблем, при што освен строгото санкционирање на говорот и актите на омраза, би се применувале и други мерки како во други земји кои постигнале позитивни решенија во оваа област. Многу групи навивачи и хулигани ширум Европа денес се конструктивен дел од заедницата и ги заменија насилството и гневот со хуманитарни активности и поддршка на позитивни каузи. За да бидат можни слични промени, многу е важно институциите да го применуваат законот неселективно, ригорозно и правилно. Од еднаква важност е директната работа со членовите на навивачките групи, решавањето на конфликтите на мирен и ненасилен начин и охрабрувањето да се ориентира во конструктивна насока“, се вели во реакцијата.

Во меѓувреме, социологот, Али Пајазити за „Порталб.мк“ изјави дека говорот на омраза, што се користи од навивачките групи, им штети на меѓуетничките односи во земјата и лесно може да прерасне во физичко насилство.

Провокациите на навивачите на Вардар, на „Комитите“, со акцент на омраза и органска агресија кон една етничка припадност, ултра националистичкиот говор, се дела што ги затегнуваат меѓуетничките односи во Северна Македонија, кои го оживуваат веќе постојниот дух од пред неколку години, кога намерно се култивираше овој дух на контра-култура од естаблишментот на ВМРО.

„​​Спортската (анти)-култура“ на хулиганството е деструктивна во многу аспекти, генерира вербално насилство кое лесно може да прерасне во физичко насилство, кое може да се масовизира, затоа надлежните органи мора да преземат соодветни мерки за да спортот не стане поле на „сеење омраза, и „школо за фобии“ против другите етникуми и заедници“, изјави Пајазити.

Според него, ситуацијата е уште позагрижувачка кога говорот на омраза се користи од млади луѓе, па затоа тој апелира да се реагира на овој феномен.

„Ситуацијата е поалармантна кога ќе земеме предвид дека станува збор за малолетна (млада) популација што не размислува со бистра глава, туку со емоции и калапи формирани од надворешни „агенти“ (фактори), историски, се работи за категорија што не може да се контролира себеси и негативната импулсивност, но што може да има трагични рефлексии. Изговорените пароли се шокантни за секоја нормална личност, затоа не треба да замижуваме пред овој феномен којшто станува сé почест“, рече Пајазити.

Од друга страна, МВР продолжува со процесот на целосно расчистување на инцидентот. Од министерството за „Порталб.мк“ изјавија дека процесот на повикување на лицата што ги идентификувале во полициската станица сè уште трае и кога ќе заврши, тие ќе поднесат кривична пријава до Јавното обвинителство.

Во саботата, група навивачи предизвикаа инцидент, извикувајќи „Добар Шиптар, мртов Шиптар“. Ова е втор пат во рок од една недела група македонски навивачи во Скопје да извикуваат слични пароли.

Министерството за внатрешни работи (МВР) извести дека успеало да идентификува 16 лица вклучени во инцидентот што се случи во Ѓорче Петров.

Во врска со претходниот случај, Владата вети дека случајот ќе се расчисти и дека граѓаните ќе бидат информирани за сè.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...