сабота, 18 април, 2026
Meta.mk

Ознака: идентификација | 18 резултати

Завршени ДНК анализите на загинатите во авионската несреќа кај Солунска Глава

април 5, 2019

Завршени се ДНК анализите на Институтот за судска медицина и во моментот се договара транспортот на телата на четворицата бугарски државјани, кои завчера го загубија животот во авионската несреќа што се случи кај Солунска Глава, информираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. – Истрагата ја спроведува независната Комисија за авионски несреќи и сериозни инциденти и […]

Останките на Амелија Ерхарт идентификувани на мал пацифички остров

март 9, 2018

Коските пронајдени во 1940 година на островот Никумароро во Тихиот Океан најверојатно се од познатата пилотка и авантуристка Амелија Ерхарт, се вели во нова форензичка студија објавена во едно од научните списанија во САД. Ерхарт, нејзиниот навигатор и авионот во којшто биле, исчезнале без трага во 1937 година некаде над Тихиот Океан, а во новата […]

Хелсиншки комитет: Новиот закон за азил има недостатоци во примената на ЕУ-директивите

декември 18, 2017

Новиот закон за меѓународна и привремена заштита, кој се однесува на баратели на азил и признаени бегалци, има одредени позитивни, но и негативни измени, вели Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија. Таа додава дека забележани се одредени недостатоци при имплементација на принципите и стандардите поставени во ЕУ-директивите.  Во соопштението на Хелсиншкиот комитет […]

МВР ги идентификувало лицата што го отвориле главниот влез на Собранието

мај 2, 2017

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје доставил три нови известувања за неколку лица во врска со истрагата за насилствата во Собранието на Република Македонија од минатиот четврток. Известувањата биле пратени откако по прегледот на видеоматеријалите од безбедносните камери на Собранието биле идентификувани лица кои учествувале во отстранувањето на блокадата на […]

Извлечено телото на пилотот на рускиот авион кој се урна во Црно Море

декември 26, 2016

Нуркачите го извлекоа на површина телото на Роман Волков, пилотот на авионот „ту-154“, кој вчера падна во Црно Море две минути по полетувањето, при што загинаа 92 лица. Според извори од местото на акцијата, нуркачите што учествувале во операцијата за извлекување на телата на жртвите и на деловите на авионот, пронашле уште едно тело, а кога го извлекле […]

Завршена идентификацијата на телата на загинатите во авионската несреќа

септември 10, 2016

Од 19 часот синоќа, кога во Институтот за судска медицина во Скопје пристигнале роднините на загинатите во авионската несреќа кај селото Кожле, до 5 часот утрово траела постапката на идентификација на загинатите преку ДНК-анализа, потврди Институтот за судска медицина, пренесува „Телма“. Со споредба на примерок од ДНК од роднините и од жртвите е утврден идентитетот на […]

Снимките од дрон за падот на „пајперот“ се готови, се чека идентификацијата на жртвите

септември 8, 2016

Вчера завршило снимањето со дрон на местото на авионската несреќа, кај селото Кожле, Скопско, во која загинаа шест лица, а снимките се испратени во Основното јавно обвинителство за понатамошна постапка, соопшти денеска Јавното обвинителство. „Снимките во корелација со другиот прибран доказен материјал ќе бидат предмет на анализа на јавните обвинители и на стручните лица од […]

Пронајдени сите тела на патниците во „пајперот“

септември 7, 2016

Увидните екипи, кои се на местото каде вчера се урна италијанскиот авион, од типот „пајпер“, ги пронашле телата на сите шест починати патници, соопшти Јавното обвинителство. „Станува збор за пет мажи и за една жена. Телата се подготвени за пренесување во Институтот за судска медицина, каде во наредниот период по налог на јавен обвинител ќе […]

МФ: Граѓаните од поплавените подрачја да посочат во која банка да им се исплатат средствата

август 19, 2016

Министерството за финасии ги повикува граѓаните од поплавените подрачја да посочат во која банка да им се исплати авансната паричната помош. – Со цел да се изврши авансната исплата на паричната помош на лицата од подрачјата зафатени со поплавите кои се случија на 6 август, Министерството за финансии ги повикува лицата што биле евидентирани од страна […]

Без обдукција на загинатите во поплавата прекршени се меѓународните протоколи

август 8, 2016

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на поплавените подрачја пронашле и идентификувале 21 починато лице. Но за ниедно од овие лица не е направена обдукција ниту пак се знае како била извршена идентификацијата на телата, со што се прекршени меѓународните протоколи за масовни несреќи. „По извршениот претрес на терен, а по претходно договорена динамика за […]

Идентификуван напаѓачот во Ница

јули 15, 2016

Напаѓачот кој во Ница усмрти 84 лица е Мохамед Лахуаеј Булел (31), кој имал двојно државјанство, на Франција и на Тунис, и живеел на северот на Ница, објави весникот „Ница матен“. Како што се наведува, Булел пред нападот работел како возач во курирската служба, татко е на тригодишно дете и на полицијата ѝ е познат […]

Идентификувани сите жртви на нападот во Париз

ноември 18, 2015

Идентификувани се сите 129 жртви на терористичкиот напад во Париз, соопшти француската влада. „Идентификувани се сите тела на убиените 129 луѓе. Повеќе од 100 семејства се во можност да ги земат телата на своите блиски во форензичарскиот институт“, се наведува во соопштението. Со соопштението се истакнува дека во болница се и 221 лице и дека […]

Идентификувани сите жртви од масакрот во Тунис, 30 се Британци

јули 1, 2015

Сите 38 жртви од масакрот во Тунис и официјално се идентификувани, а меѓу нив има 30 Британци, соопшти денеска туниското министерство за здравство. Од другите осум жртви, тројца се од Ирска, двајца од Германија и по една жртва од Белгија, Португалија и од Русија. Британија денеска ќе ги пренесе телата на осум свои државјани, а […]

Тројно убиство: Осомничениот најден обесен во близина на селото?!

ноември 25, 2014

Во близина на Злетово, полицијата пронашла обесен маж, за кој се претпоставува дека е професионалниот војник Д.М. (40), осомничен за тројното убиство што утрово се случи во селото, неофицијално дознава „Мета“ од полициски извори. Во тек е постапка за утврдување на идентитетот на лицето, чие тело е пронајдено.

Страна 1 од 1