fbpx

Гоцевски: Мигрантската криза може да ја промени демографската слика на Македонија

-

На Македонија ѝ се заканува опасност од промена на демографската структура поради бегалската криза, предупредува поранешниот министер за одбрана, професорот Трајан Гоцевски.

Гоцевски вели дека Македонија во сите досегашни кризи низ кои поминала ја менувала демографската структура и дека тоа е случај и сега, посочувајќи дека овој проблем многу малку се анализира, а може да биде клучен за долгорочните перспективи на земјата.

– Не се знае колкав дел од овие луѓе ќе останат не само во Македонија, туку и во соседните земји. Има процена дека во Македонија веќе имаат останато поголем број луѓе за кои ние, за жал, немаме евиденција. Уште поопасно е дека тие се дел од одредени мрежи што деjствуваат во Сирија, Авганистан и во Ирак и тие веројатно доаѓаат со одредена цел – вели во изјава за порталот „Охрид њуз“, Гоцевски, кој во Охрид деновиве учествуваше на Меѓународната конференција посветена на современите безбедносни предизвици што ја организираше Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет во Скопје.

Гоцевски предупредува дека Македонија е во незавидна ситуација и буквално не може да направи ништо за да го спречи продирањето на бранот мигранти. Има мала популација и 1.000 нови доселеници за неа се многу.

Бројот на мигранти што ќе останат во земјите на Балканот ќе се зголемува со затворањето на границите на ЕУ. Ќе се зголеми и притисокот врз безбедносните структури во земјата, кои покрај големите напори што ги вложуваат, немаат капацитет да се справат со големиот наплив на мигранти од југ.

– Ние сега сме сведоци дека тие што ја создадоа кризата, седат многу на страна и држат лекции кој како треба да се однесува во регионот. Кризата може да се реши ако се почне од причините. Таа може да се сопре во Сирија, Авганистан и на другите места, бидејќи овде ние решаваме само последици кои се дел од глобалната игра на која Македонија не може да влијае –  додава професорот Гоцевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...