Француската екстремна десница не успеа да победи во ниту еден регион во вториот круг од неизвесните локални избори, откако во првиот круг, пред една седмица, оствари историски успех, покажаа анкетите.
Избирачите им се вратиле на традиционалните партии за да го спречат доаѓањето на Националниот фронт (ФН) на Марин ле Пен на власт, јавуваат локалните медиуми. Според првите процени, резултатите претставуваат пораз за трите водечки фигури на ФН, претседателката Марин ле Пен, која изгуби на северот, нејзината внука, Марион Марешал ле Пен, која е поразена на југот, и Флориана Филипота, стретагот на партијата, на исток.
Десниот центар победил во најмалку пет регии, додека левиот центар во три од вкупно 13 регии.
Францускиот премиер Мануел Валс рече дека поразот на Националниот фронт „не значи дека опасноста е отстранета“.
– Вечерва немаме причина за триумфализам. Опасноста што ја претставува крајната десница не исчезна, напротив – рече Валс.