Гледачите на „Фокс њуз“ сметаат дека Харис вешто настапи на дебатата против Трамп

Медиумите, како и многу гласачи, потенцираат дека Харис поцврсто се поставила за време на претседателската дебата, а Трамп воглавно само се бранел и повторувал добро познати поенти

-

Вчера се одржа првата дебата меѓу американските кандидати за претседател Доналд Трамп и Камала Харис. Иако беше прва претседателска дебата за потпретседателката Харис, повеќето медиуми, како и гласачи на конзервативната телевизија „Фокс њуз“, сметаат дека Харис повешто и поцврсто настапи на дебатата.

Ова беше првата дебата откако Џо Бајден се повлече од претседателската трка по лошиот настап на соочувањето со Трамп во јуни на Си-Ен-Ен. „Њујорк тајмс“, а и самата Харис, потенцира дека за време на дебатата, Трамп повеќе го напаѓал Бајден отколку нејзе.

„Важно е поранешниот претседател да биде потсетен дека во претседателската трка е со мене, а не со Џо Бајден“, кажа Харис.

За време на дебатата, Харис беше сталожена и директно го напаѓаше Трамп. Кога Трамп се обидуваше да ја нападне со невистини, како тоа дека таа ќе дозволи абортус „во деветтиот месец на бременост“, таа едноставно му се потсмеваше. Модераторите на дебатата исто така ги рецензираа невистинитите изјави на Трамп.

Еден од најбизарните моменти на Трамп вклучуваше невистина поврзана со една од неговите омилени теми – имигранти.

„Во Спрингфилд, луѓето кои се преселија таму ги јадат кучињата, ги јадат мачките. Ги јадат домашните миленичиња на луѓето кои живеат таму“, кажа Трамп, додека Харис гледаше со неверување и потсмев.

Станува збор за лажна вест која Републиканците, вклучувајќи го сенаторот и поранешен кандидат за претседател Тед Круз, ја шират. Некој граѓанин на Спрингфилд, Охајо изјавил дека патките од локалниот парк ги снемувало бидејќи имигранти од Хаити наводно ги јаделе. Според Гардијан, нема никакви докази дека ова се случило. Но, вистината не ги спречи поддржувачите на Републиканската партија во изминатите денови да споделуваат мемиња по социјалните мрежи во кои Трамп штити мачки и кучиња.

Сепак, Трамп не зборуваше премногу за имигранти откако се фати на јадицата која Харис вешто ја фрли. Во свој одговор, таа спомена дека посетителите на неговите митинзи си заминуваат од досада. Трамп, кој е познат по тоа што го преувеличува бројот на посетители на своите митинзи (како и на сопствената инаугурација), потоа се дообјаснуваше на оваа тема и тврдеше дека „луѓе не си одат од моите митинзи“.

Друга доминантна тема на вечерта беше абортусот. За време на својот мандат, Трамп постави судиите на Врховниот суд кои беа клучни за поништувањето на законот кој го заштитува абортусот на федерално ниво, одлука која е екстремно непопуларна меѓу Демократи, а и меѓу некои Републиканци.

Особено имаше интерес за тоа како Харис ќе зборува за абортус, бидејќи Бајден беше критикуван што не се постави поцврсто на првата дебата на оваа тема. Дополнително, републиканскиот кандидат за потпретседател ЏД Венс има зборувано дека би бил за забранување на абортус на национално ниво. Трамп не изрази толку цврст став, но избегнуваше директно соочување со темата.

„Што се однесува до забраната за абортус, не, не се залагам за таква политика. Но, веќе не е ни битно, бидејќи државите во САД одлучуваат на оваа тема“, кажа Трамп, кој призна дека ја нема дискутирано оваа тема со Венс.

Тој потоа се нарече „лидер за ин витро фертилизација“.

Харис директно го нападна на оваа тема, велејќи дека неговиот став за абортус е „навредлив“ за сите жени во Америка. Таа рече дека запознала жени низ државата чие здравје и животи биле ставени во опасност поради ограничувањата на легален абортус кои беа воведени во многу држави во САД.

Воедно, за време на дебатата, коментатори истакнаа кои зборови најмногу биле пребарувани на „Гугл“. Во сите држави во САД, тоа беше зборот „абортус“. Единствен исклучок беше Охајо, државата каде имигрантите наводно јаделе кучиња и мачки – таму најбараниот збор беше токму „имиграција“.

Можеби најлошиот знак за настапот на Трамп можеше да се види на емисија на телевизијата „Фокс њуз“, која е позната по тоа што е најчесто е пристрасна кон Репубклинаците. Група гласачи на емисијата рекоа дека сметале дека Трамп победил, велејќи дека бил некохерентен и дека само си бранел одлуки и ставови од минатото, а не зборувал за што планира да прави во иднината.

Сепак, Харис беше критикувана за тоа што поголем дел од дебатата посвети на напаѓањето на Трамп, а не на опишувањето на своите политики.

Одговорајќи на прашање за неколку од своите поконтроверзни ставови, таа само се задржа на еден. Таа рече оти нема да го забрани хидрауличното фрактурирање (метод за екстрахирање нафта), за кој претходно има кажано дека планира да го забрани.

Кога таа беше прашана како би осигурила примирје во Газа, таа го избегна прашањето и воглавно се задржа на правото на Израел за самоодбрана.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...