Скејтпаркот во Тетово од ден на ден сè поуништeн, општината дреме

Со недели голем куп предмети за домаќинството како теписи, куфери, даски и други се таложат кај просторот каде што се наоѓа скејтпаркот, и сè уште не се знае кој ги фрлил таму

-

Иако е едно од ретките рекреативни места во Тетово, општинските власти со години не го одржуваат скејтпаркот. Овој парк од ден на ден се повеќе се уништува и го губи сјајот што го имаше кога беше изграден. Таму може да се види секаков вид на отпад и нечистотија, а општина Тетово молчи, скејтепаркот во Тетово од ден на ден се повеќе се уништува, а општината дреме, пишува Порталб.мк.

Со недели голем куп предмети за домаќинството како теписи, куфери, даски и други се таложат кај просторот каде што се наоѓа скејтпаркот, и сè уште не се знае кој ги фрлил таму.

Покрај овие отпадоци, насекаде има и други отпадоци како разновидна амбалажа, скршени стакла, шишиња и друго.

На влезот на паркот се и контејнерите кои најчесто наликуваат на депонија.

Овој простор за волонтерите на Социо-културниот центар од Тетово „Спејс“ останува само убав спомен од минатото, бидејќи постојано се оштетува и не се одржува.

Иако минатиот месец го исчистија, овој простор повторно е пренатрупан со отпад.

„Точно е дека условите во Скатова во моментов не се најдобри, иако минатиот месец на 6-тиот роденден на ‘Спејс Тетово’ презедовме иницијатива за чистење. Се обидовме да ја подигнеме свеста, да го одржуваме чист со поставување на некои знаци. Жалосно е што Скатова не се цени колку што треба, затоа што тоа е единствениот јавен простор кој нуди активности за скејтинг“, изјавија од „Спејс“ Тетово.

И покрај штетите што му се прават на овој парк, волонтерите на „Спејс“ Тетово немаат намера да се откажат.

Тие велат дека планираат да изградат кошаркарско игралиште и исто така да организираат голем концерт за собирање на средства за осветлување, клупи, повеќе рампи за скејтинг, за садење на дрвја и друга опрема и погодности за паркот.

Од општина Тетово не одговорија на прашањата на Порталб.мк околу тоа зошто не го одржуваат овој парк и дали имаат некакви планови за негова реконструкција.

Порталб.мк во изминатиот период неколку пати пишуваше за неодржувањето на овој парк, по што општинските власти во неколку случаи постапија.

Инаку, Скејтепаркот во 2018 година го изградија 45 волонтери од невладината организација Тоестанд од Белгија, дваесетина од невладината Термокис од Косово како и волонтери од невладината Демокраси лаб од Тетово.

Овој парк во континуитет е запоставен од властите.

Конкурс за краток хорор расказ на македонски јазик за „Ноќта на вештерките“

Во пресрет на празникот „Halloween“ или „Ноќта на вештерките“, кој традиционално во западните земји се одбележува на 31 октомври, Новинската агенција „Мета.мк“, во соработка со Книжевниот центар „Антолог“, објавува...