Филмот на Тејлор Свифт руши рекорди, а денес премиерно ќе биде прикажан и кај нас

Филмот во кој се оди на 17 годишно патување низ музичкиот каталог на поп ѕвездата трае скоро 3 часа, a за билетите има огромна побарувачка

Тејлор Свифт на концерт во Арлингтон, Сојузна држава Тексас, 2 април, 2023 г. | Фото: Ronald Woan from Redmond, WA, USA, CC BY-SA 2.0, Викимедија комонс

Концертниот филм на Тејлор Свифт „The Eras”, од денеска може да се гледа на големите екрани низ 100 земји во светот, вклучувајќи ја и Македонија. Филмот, кој е спој на сите нејзини албуми, кои се правени во период од 17 години, низ музичкиот каталог на поп-ѕвездата, трае скоро три часа, a за билетите има огромна побарувачка.

Концертниот филм е од огромно значење за кината во Америка, бидејки се очекува да  даде голем поттик на театрите кои оваа година беа оштетени од холивудските штрајкови.

Филмот го урна рекордот на американското мулти-кино (AMЦ) за продажба на билети во еден ден, со 26 милиони долари на 31 август, односно денот кога беше најавен, а има генерирано повеќе од 100 милиони долари во глобална претпродажба, пренесуваат од AMЦ.

Кината ширум светот препорачуваат фимот да се доживее како вистински концерт, со пеење, танцување и дружба за сите фанови.

Во Македонија филмот може да се гледа во кината на „Синеплекс“, а премиерата е денеска во 18 часот.