fbpx
Таг: кино

таг: кино

Филмот на Тејлор Свифт руши рекорди, а денес премиерно ќе биде прикажан и кај нас

Концертниот филм на Тејлор Свифт „The Eras”, од денеска може да се гледа на големите екрани низ 100 земји во светот, вклучувајќи ја и Македонија. Филмот, кој е спој на сите нејзини албуми, кои се правени во период од 17 години, низ музичкиот каталог на поп-ѕвездата, трае скоро три часа, a за билетите има огромна побарувачка. Концертниот филм е од...

Младинско кино на ЕУ: Заштедете енергија – и гледајте зелени филмови

По повод одбележување на Европската недела на мобилност, која се одржува на тема „Заштедете енергија“ од 16 до 22 септември, Младинското кино на ЕУ: Green Deal претставува тематски соодветни филмови. Училишните паралелки се поканети на кино, додека секој може бесплатно да проследи неколку филмови од зелената програма. Европската недела на мобилност е најважна кампања на Европската комисија фокусирана на подигнување...

„Барби“ го понесе рекордот за најголема почетна заработка на филм режиран од жена

Режисерката Грета Гервиг влегува во историјата како женски режисер со најголемо деби на филм, со почетна заработка од 377 милиони долари преку филмот „Барби“, пренесе Гардијан.  Во САД и Канада, „Барби“ забележал огромна продажба на билети и заработка од 155 милиони долари низ 4.243 кино-локации, надминувајќи ги филмот „Супер Марио Брос“ и сите Марвел филмови излезени оваа година, со што...

„Барби“ повеќе популарен од „Опенхајмер“ – двата филма денеска ќе бидат прикажани премиерно

Сатирата „Барби“ на режисерката Грета Гервиг создадена од новото филмско студио на мултинационалната компанија за производство на играчки „Мател“ се очекува да „победи“ во многу популарното натпреварување против биографскиот филм за „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан. Двата филма денеска ќе бидат премиерно прикажани во повеќе држави, но филмот „Барби“ создаден со буџет од 145 милиони американско долари се очекува да триумфира...

Почнува Европскиот филмски предизвик, кој го носи победникот на Берлинскиот филмски фестивал

Трета година по ред во земјава се организира Европскиот филмски предизвик (European Film Challenge) кој трае од 21 ноември до 29 јануари, и во кој најпосветениот гледач на европски филмови ќе биде награден со патување на реномираниот филмски фестивал во Берлин. Предизвикот е во тек на 10 недели да се погледнат 10 европски кинематографски остварувања на фестивали, во кино сали,...

Посетителите „бавно“ се враќаат во кино-салите, филмската индустрија пред големи промени [инфографик]

Бројот на посетители во кино салите низ земјава минатата година изнесувал 170.567, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). По 2020 година, кога започна ковид пандемијата и се донесе одлука за затворање на кино салите, а со тоа и годишниот број на посетители значително се намали во споредба со пред-пандемискиот период, минатата 2021 е забележано благо зголемување на...

Летно кино на отворено со проекција на филмот „Пинокио“, по повод 95 години Зоолошка градина-Скопје

Со проекцијата на филмот „Пинокио“ во Градски парк на Школка ќе започнат низата настани со кои роденденски ќе се одбележат 95 години од основањето на Зоолошката градина во Скопје. Во текот на наредните месеци планирани се едукативни и забавни настани во градината, а првиот, кино на отворено, ќе се одржи во недела, 25 јули, со почеток во 20:30. „Проекцијата на филмот...

Крушево конечно со театарска и кино сала

Крушевчани конечно имаат свое кино и сала за театарски претстави. Со ставање на новите модерни седишта во мултифункционалната сала од реконструираниот објект на горната училишна зграда во Крушево создадени се сите услови, овде да се вршат кино-проекции и да се изведуваат театарски претстави. За таа намена веќе е инсталирана стандардизирана аудио и видео опрема во салата, така што слободно може да се рече дека успешно се...

По ГТЦ, Домот на градежници ќе го добие вториот зелен покрив во Скопје

Градот Скопје во соработка со УНДП почна со уредување на вториот зелен покрив во центарот на градот - покривот на Домот на градежници. Според проектот, на површина од речиси 400 квадратни метри ќе бидат засадени повеќе од 30 различни видови садници – дрвја, средно и ниско зеленило кое ќе биде функционално распоредено, ќе има тревна површина и вертикално зеленило...

Културните настани на затворено ќе се одржуваат со 30 отсто од капацитетот на салите

Кината, театрите и другите установи каде што се одржуваат културни манифестации повторно ќе се отворат и за нив ќе важат протоколите за организација на настани кои ги усвои Владата. Според препораките, настаните на отворено ќе се организираат со 50 проценти од капацитетот на местото каде што се одржуваат и ограничен број до максимум 1.000 посетители. Додека пак, настаните на...

Ангелов: Ќе биде тешко да се вратат луѓето во киносалите (инфографик)

Вонредните мерки за справување со Ковид-19 пандемијата го измени целокупниот начин на живот и најголем дел од активностите на граѓаните се реализираат во домашни услови. Во насока на заштита на здравјето на граѓаните, владата уште на 13 март одлучи да се затворат сите кина, театри и сите други институции каде што може да се одржуваат масовни собири, настани, концерти...

По светските фестивали, „Исцелител“ повторно во кината низ Македонија

По шестмесечната успешна фестивалска турнеја на филмот „Исцелител“ на младиот Ѓорче Ставрески на светските филмски фестивали, филмот повторно ќе се прикажува во киното „Синеплекс“ во Скопје, а ќе биде и на репертоарот на МКЦ „Козјак“ во Куманово и во Домот на млади во Штип. „Исцелител“ од својата премиера на 9 ноември досега, за само шест месеци, се прикажуваше на 23...

Минатата година речиси 10 отсто повеќе кино-проекции отколку во 2015

Во 2016 година во вкупно 14 кина во земјава се прикажани 985 филмови, со вкупно 16.295 кино-проекции, што е за 9,7 отсто повеќе од 2015 година, говорат податоците од Државниот завод за статистика. Во изминатата година, бројот на посетители во македонските кина изнесувал 441.017 лица.

Убиен напаѓачот што пукаше во кино во Германија

Маскираниот напаѓач кој попладнево пукаше во кино-комплексот во Виернхајм, близу Франкфурт, е убиен откако бил застрелан од специјалните единици на германската полиција, соопшти министерството за внатрешни работи на сојузната држава Хесен. „Проценките на полицијата беа дека вооружениот маж држи заложници поради што беше застрелан и убиен“, изјавил министерот за внатрешни работи на Хесен, Петер Бут, додавајќи дека нема други повредени...

Десетици повредени во напад на кино во Германија

Десетици лица се повредени откако вооружено лице отвори оган во кино-комплекс во Западна Германија, јавува германскиот весник „Билд“. Мажот, кој носел маска и на рамо носел појас со муниција, влегол во „Кинополис“ во Виернхајм околу три часот по локално време. Напаѓачот се забарикадирал во кино-комплексот. Како што јавива „Дармшадтер ехо“, меѓу 20 и 50 лица се повредени. Очевидци за весникот „Хесеншау“ соопштија...

„Аватар 2“ во кино-салите на Божиќ во 2017 година

Сценаристот и режисер Џејмс Камерон потврди дека продолжението на „Аватар“ ќе се појави во кино-салите во 2017 година. - Планот е - Божиќ, 2017 година. Барем така можеме да најавиме сега. Но, јас не сметам дека тоа е толку важно како фактот дека сите три филмови, кога ќе ги завршиме, ќе ги објавуваме секоја следна година. Секој од тие филмови е...

САД: Тројца убиени во напад во кино

Вооружено лице синоќа отвори оган во кино во американската држава Луизијана и уби две лица, а рани најмалку седум, пред да се застрела и да се убие себеси, соопштија денеска американските власти. Полицијата го знае идентитетот на напаѓачот, но засега не го открива. Телото на напаѓачот долго време било во просториите на киното, поради потребите на истрагата. Полициски извори наведуваат дека...

Реконструирано киното во Делчево

Во Делчево повторно ќе биде ставено во функција киното кое со финансиска поддршка на Министерството за култура, од околу два милиони денари, лани беше реконструирано и доби нова фасада, нова покривна конструкција и уредени санитарни јазли. Министерката Елизабета Канческа-Милевска вчера ја посети Општина Делчево и кино-салата, која е во надлежност на Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“. Рече дека од 1933...

Куршумли ан меѓу најдобрите кина во светот

Куршумли ан е на четвртото месо од 15 предлози, како една од најубавите кино-сали. Во оваа класификација не се вклопени ултрамодерните кина што се одликуваат со пространи сали и неверојатно добро озвучување.  

„Хобит: Битка на петте армии” од денеска во „Синеплекс“ и во „Милениум“

Филмот „Хобит: Битка на петте армии“ (The Hobbit: The Battle of the Five Armies), од денеска се прикажува во кината „Синеплекс“ и „Милениум“. Од „Синеплекс“ информираат дека ќе имаат и полноќна проекција, која ќе почне пет минути по полноќ. Филмот покрај во дводимензионален формат, ќе биде прикажан и во тридимензионален формат.

Бројни награди за учениците од „Илија Николовски Луј“ на Меѓународниот фестивал „Полихимниа“

Денеска заврши Меѓународниот фестивал „Полихимниа“, кој деветти пат по ред годинава се одржа во Скопје. Млади музичари, студенти и професионалци од Македонија, секој со својот инструмент и во соодветна...