„Филигранска приказна“ на Мирјана Николоска на „Охридско лето“

-

Како дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“, синоќа во Куќата на Уранија беше отворена изложбата на филиграни на авторката Мирјана Николоска, насловена „Филигранска приказна“.

Изложбата ја отвори градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Мотивите на делата на Николоска се црпени од флората и од фауната, од македонското народно творештво, релјефи, мозаици, но и од реплики на парчиња што би можеле да се носат како накит.

– Изложбата содржи 18 поголеми дела и 20 помали. Конкретно, овие дела ги работев макотрпно цела зима. Применета е филигранската техника, а инспирацијата ми е од културното наследство на Македонија. Јас како изведувач, уметник, ова го работам во последните десет години. Материјалите што ги користам за овие дела се природни, преовладува срмата, која порано се користела за везење на народните носии – вели Николоска.

Николоска веќе има реализирано неколку самостојни изложби низ повеќе градови во земјава, а нејзините дела се изложени во повеќе наши сувенирници во Скопје, Охрид и во Вевчани.

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање на Владата...

ЕУ и НАТО не се мешаат во изборите во Романија и Германија

Претседателските избори во Романија не беа откажани од страна на НАТО и ЕУ како што невистинито се тврди во објавата, туку беа откажани од страна на Уставниот суд на Романија. Причините...

Продолжува трендот на носење закони по скратена постапка во Собранието

Во периодот од 1 септември 2024 до 14 февруари 2025 биле разгледани или разгледувани 108 предлог на закони по скратена постапка, наспроти 79 во редовна постапка. Иако е периодот краток и...

Измама: НЛБ банка не подарува дупли износи

На официјалната Фејсбук страница на НЛБ банка која има повеќе од 80 илјади следбеници, објавено е известување за оваа измамничка објава, пренесува Вистиномер.   Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели:  ГИ ДУБЛИРАМЕ ИЗНОСИТЕ ЗА...

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање...