fbpx

Европската Унија нема агенда да го уништи земјоделието и сточниот фонд до 2030 година

Стратегијата на ЕУ „Од фарма до виљушка“ има цел да се намали употребата на штетни пестициди

-

Стратегијата на ЕУ „Од фарма до виљушка“ има цел да се намали употребата на штетни пестициди. До 2030 година, 25 проценти од вкупното обработливо земјиште треба да биде искористено за органско земјоделство, употребата на хемикалии и пестициди треба да се намали за 50 проценти, а продажбата на антимикробни средства во ЕУ за фармските животни и земјоделството треба да се намали за 50 проценти. Овие цели, наспроти изнесеното во постот, не претставуваат уништување на земјоделието и сточниот фонд, туку напротив, негово унапредување, пишува Вистиномер.мк.

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

ЕУ агенда 2030 уништување на земјоделието и сточниот фонд.

Изгледа е малку, треба појако да се освестат партиските ЕУ земјоделци.

Изминатите 10 години, земјоделскиот сектор на ЕУ направи важни чекори за поодржлива иднина, без да се влијае на капацитетот да се доставува квалитетна храна. Во 2019 година, продажбата на пестициди опадна за 7 проценти споредено со 2011 година, областите каде се одгледува органска храна во 2019 година достигна 13.8 милиони хектари со годишен раст од 5.5 проценти од периодот од 2012 до 2019 година. Во последните 10 години, пазарите за органска храна и пијалаци се дуплираа во големина, а вредноста во 2019 година беше 41 милијарди евра. Бруто додадената вредност на земјоделското производство на ЕУ достигна 224 милијарди евра во 2019 година, што е зголемување од 19 проценти во споредба со 2010 година. Трговскиот биланс на ЕУ за земјоделско-прехранбени производи забележа годишен раст од речиси 10 проценти во просек меѓу 2010 и 2020 година постигнувајќи 62 милијарди евра нето трговија во 2020 година.

Целта на Европската комисија е во наредните 10 години, 25 проценти од земјоделството да биде искористено за органското производство.

Еврокомесарот задолжен за земјоделство Јануш Војчеховски вели дека за Европската комисија, органското земјоделство ќе стане приоритет.

Органското земјоделство ќе биде клучен сојузник во транзицијата што ја водиме кон поодржлив прехранбен систем и подобра заштита на органскиот сектор. Комисијата ќе продолжи да го поддржува органскиот сектор во целта која е 25 проценти од земјиштето да биде искористено за органско производство до 2030 година преку соодветни политики и законска рамка, изјави Војчеховски.

Ваквиот вид на земјоделство, односно органското производство, користи природни супстанци и има помалку штетен ефект врз животната средина. Земјоделците што работат органско производство користат повеќе обновливи ресурси и внимаваат да биде заштитен еколошкиот биодиверзитет преку, на пример, одговорна употреба на водата. Органското земјоделство налага и построга заштита на животните и нивните потреби.

Еуроактив пишува дека Стратегијата на ЕУ „Од фарма до виљушка“ има таргет 25 проценти од земјоделското земјиште до 2030 година да биде со органска храна, што е трикратно зголемување. Стратегијата го нагласува потенцијалот за органско земјоделство со кое се штити системот и животната средина.

Пазарот за органска храна ќе продолжи да расте и органското производство треба да биде и понатаму промовирано бидејќи има позитивни ефекти врз биодиверзитетот, креира работни места и е атрактивно за младите фармери, пишува во стратегијата.

Стратегијата „Од фарма до виљушка“ има за цел да ги направи системите за храна фер, здрави и пријателски за животната средина. Намерате е да се забрза нашата транзиција во одржлив прехранбен систем со цел да се развие позитивен импакт за животната средина, да се помогне да се справиме со климатските промени, да се поврати загубениот биодиверзитет, да се осигури безбедноста на храната, нејзината нутритивност и јавното здравје, и да се осигура дека секој има достап до безбедна, нутритивна и одржлива храна. 

Исто така, со оваа стратегија се цели да се намали употребата на штетни пестициди. До 2030 година, 25 проценти од вкупното обработливо земјиште треба да е под органско земјоделство, употребата на хемикалии и пестициди треба да се намали за 50 проценти, а продажбата на антимикробни средства во ЕУ за фармските животни и земјоделството треба да се намали за 50 проценти. 

До 2030 година, ЕУ мора да има воспоставено регулаторни инструменти кои ќе ги намалат емисиите на стакленички гасови од земјоделството, ќе ја зголемат отпорноста на земјоделското производство, ќе ја подобрат биолошката разновидност во руралните области и ќе придонесат за обезбедување на здрава храна за растечката светска популација.

ЕУ, исто така, цели да се искорени сиромаштијата, да се обезбеди достојна работа и економски раст, одговорно производство и консумација.

Овие цели, наспроти изнесеното во постот што го рецензираме, не претставуваат уништување на земјоделието и сточниот фонд, туку напротив, негово унапредување. Поради сите горенаведени факти, постот го оценуваме како невистинит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...