fbpx

ЕУ согласна за продолжување на санкциите кон Русија

-

Министрите за надворешни работи на ЕУ се согласија за уште шест месеци да ги продолжат санкциите кон Русија, поради окупацијата и илегалната анексија на украинскиот полуостров Крим и поради поддржување на проруските сепаратисти на истокот на Украина.

Конечната одлука ќе биде донесена на претстојниот самит на лидерите на ЕУ, кој следната недела ќе се одржи во Брисел.

Германската канцеларка Ангела Меркел е за продолжување на санкциите кои истекуваат кон крајот на јули.

Според одредени извештаи, Меркел го уверила земјите, како што се Словачка, Унгарија и Италија, да ги занемарат своите забелешки и да ги продолжат санкциите до јануари.

Санкциите се однесуваат на финансискиот и на енергетскиот сектор на Русија, а стапија на сила во јули 2014 година и оттогаш се продолжуваат на секои шест месеци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...