fbpx

ЕУ ќе додели заеми од 100 милиони евра на Македонија како поддршка за совладување на кризата

-

Вицепремиерот задолжен за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ објави на својот Фејсбук профил дека Европската комисија денеска дала предлог да се обезбедат до 100 милиони евра макрофинансиска помош за Северна Македонија.

Помошта ќе дојде во форма на заеми, а нивното спроведување ќе биде дефинирано заеднички со ЕУ, преку Меморандум за разбирање.

Меморандумот за разбирање најверојатно ќе се фокусира на реформите на политиките во областите на фискалното управување, даночната политика, управувањето со јавните инвестиции, јавно-приватните партнерства, деловното опкружување, транспарентноста во државната помош, енергетската ефикасност, реформите во судството и борбата против корупција. Плаќањата, исто така, би биле условени од позитивното искуство во спроведувањето на програмата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

„Ние стоиме покрај Северна Македонија во овие времиња на предизвици. Денеска предлагаме до 100 милиони евра макрофинансиска помош за поддршка на економијата на земјата, придонесувајќи за покривање на нејзините финансиски потреби во следните две години“, нагласи претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Макрофинансиската помош е дел од поширокиот ангажман на ЕУ со партнерите од нејзиното соседство и кандидатите, и е наменета како исклучителен инструмент за одговор на кризи за партнерите кои се соочуваат со сериозни проблеми со платниот биланс.

На 22 април 2020 година, Комисијата усвои предлог финансиски пакет од три милијарди евра за десет партнери од проширувањето и соседството, за да им помогне да ги ублажат економските последици од пандемијата на коронавирус, од кои 160 милиони евра доби Северна Македонија. Првата рата од 80 милиони евра беше исплатена во октомври 2020 година. Втората рата од 80 милиони евра беше исплатена во јуни 2021 година, по позитивната оценка од Комисијата за напредокот постигнат во однос на исполнувањето на условите на политиката поврзани со оваа помош.

Денешниот предлог, кој следува после грантот од 80 милиони евра за справување со енергетската криза, ја придружува 24-месечната програма за поддршка, склучена со Меѓународниот монетарен фонд, до 530 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деградиран рускиот свештеник што ја водеше комеморацијата на Навални

Рускиот свештеник кој ја предводеше комеморацијата на опозицискиот лидер Алексеј Навални е деградиран од водечките црковни служби и му е наредено да отслужи тригодишно „покајание“, пренесе Гардијан. Свештеникот Дмитриј Сафронов...