fbpx

ЕУ и САД денеска со оцена за исполнувањето на Договорот од Пржино

-

Амбасадорите на Европската унија и на САД денеска треба да ја објават процената на меѓународната заедница дали се исполнети условите за да се одржат предвремените парламентарни избори на 24 април, како што е предвидено со Договорот од Пржино.

Вчера измина и последниот рок за политичките партии да постигнат договор за реформата на медиумите, но средбата која почна попладне, заврши доцна вечерта без успех.

Како што рече белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, неуспехот на партиите да постигнат договор за медиумите ќе влијае на оцената што амбасадорите на Европската унија и на САД во земјава треба да ја соопштат денеска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...