ЕСМ: Нема активен пожар близу ветерниците кај Богданци

Екипи на АД ЕСМ се на терен и утврдено е дека нема никакви штети на ветерниците, велат од ЕСМ

-

Пожарот кој вчера избувна во месноста Брдаров камен, веднаш до препумпната станица на хидросистемот Дојранско езеро, а се проширил кон Ветерниот Парк Богданци, е ставен под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Дека во моментов нема активен пожар во непосредна близина на ветерниците, потврдија и во ЕСМ.

„Пожарникарите од Гевгелија, Валандово, Kавадарци и Штип, заедно со тимови од Дирекцијата за заштита и спасување, Национални шуми и ЈКП Богданци активно работат на терен со цел да го заобиколат пожарот од сите страни за да го изгаснат целосно. Во таа насока РЕК Битола на Центарот за управување со кризи му стави на располагање едно целосно опремено противпожарно возило со противпожарна екипа со цел полесно да се обезбеди заштита на јавниот интерес, како и заштита на животот и имотите на граѓаните“, информираат од ЕСМ.

Пожарот избувнал во носкостеблеста шума и сува трева, бргу зафатил поголема површина и се проширил кон Ветерниот Парк Богданци. Поради тоа превентивно беа исклучени дел од ветерниците (2 групи по 4 ветерници) кои беа најблиску до пожарот и потенцијално загрозени.

„Екипи на АД ЕСМ се на терен и утврдено е дека нема никакви штети на ветерниците. Исто така нема никакви сигнали или исклучувања од заштитата во трафостаницата. По направената проверка на филтрите и јавувачите за пожар во секоја ветерница ветерниците се повторно вклучени во производниот процес“, велат оттаму.

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...