Таг: ветерници

таг: ветерници

Обновливите извори на енергија ги надминуваат фосилните горива во Европа

Според извештајот, за прв пат досега 13 земји-членки на Европската унија генерирале повеќе енергија од ветер и сончева енергија отколку од јаглен и од гас. Ветерниците и  соларните панели ги надминаа фосилните горива, а според податоците тие генерирале 30 отсто од електричната енергија на Европската унија во првата половина од годината. Производството на електрична енергија од согорувањето на јаглен, нафта...

ЕСМ: Нема активен пожар близу ветерниците кај Богданци

Пожарот кој вчера избувна во месноста Брдаров камен, веднаш до препумпната станица на хидросистемот Дојранско езеро, а се проширил кон Ветерниот Парк Богданци, е ставен под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Дека во моментов нема активен пожар во непосредна близина на ветерниците, потврдија и во ЕСМ. „Пожарникарите од Гевгелија, Валандово, Kавадарци и Штип, заедно со тимови од...

Германската компанија WPD ќе гради 69 ветерници во вредност од 500 милиони евра

Германската компанија WPD, ќе гради 415 мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово-Старо Нагоричане-Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра. Премиерот Зоран Заев, на прес-конференцијата во присуство на амбасадорката на Германија Анке Холштајн, како и претставници на менаџментот на компанијата, истакна дека ова не е само најголемата германска инвестиција во земјава, тука ова е најголемата директна гринфилд инвестиција...

Распишан тендерот за проширување на паркот на ветерни електрани кај Богданци

Отпочнува реализацијата на втората фаза од проектот за изградба на Парк на ветерни електрани кај Богданци. На 29 јануари беше објавен повикот за претквалификација за избор на компании за набавка и изведба на ветерните турбини и за изградба на пристапните патишта и кабловската мрежа, информираат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Во втората фаза од овој проект ќе се изврши...

Кина ја претрка Европската унија во производство на енергија од ветер

Кина ја претрка Европската унија и стана најголем регион во светот по производство на електрична енергија од ветар, благодарение на огромен број инсталирани ветерници, покажа најновиот извештај на Светскиот совет за енергијата од ветрот. Кина инсталираше половина од вкупно 63 гигавати нови ветерници изградени во 2015 година, така што сега поседува околу една третина од вкупната инсталирана сила на ветерниците. Тоа е...

Ајфеловата кула почна да произведува струја

Една од најголемите знаменитости на Париз, Ајфеловата кула, неделава стана и нова икона за обновлива енергија со две ветерници кои ги вгради американската фирма „Урбан грин енерџи“. Американската компанија соопшти дека ветерниците можат да обезбедат околу 10.000 киловати струја, што одговара на количество што во текот на една година го троши комерцијалниот дел од првиот кат на кулата, пишува лондонски „Гардијан“. Произведувачот наведува дека...

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...