fbpx

ЕСМ: Испорачана е топлинска енергија онаму каде што навремено биле исполнети обврските

Согласно податоците во Центарот за грижа на потрошувачи, на 14 октомври годинава, еден ден пред почетокот на грејната сезона, бројот на затворени објекти во кои не постоела техничка можност за да се испорачува топлинска енергија изнесувала 210

-

Испораката на топлинска енергија преку системот за централно греење до сите објекти, во кои потрошувачите и куќните совети навремено ги исполнија своите обврски за одржување и проверка на грејната инсталација пред почетокот на грејната сезона добија навремена и квалитетна испорака на топлинска енергија, информираат од ЕСМ.

Оттаму апелираат, за да може испораката на топлинска енергија од системот за централно греење да се одвива непречено во објектите на потрошувачите, куќните совети на колективните станбени објекти да овозможат непречен пристап на екипите на операторот на дистрибутивната мрежа во топлинските станица. Понатаму, треба да се обезбеди напојувањето на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација) и да се отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација во најкус можен рок.

Дополнително, на веб страната на ЕСМ Снабдување со топлина постојано се објавуваат ажурирани податоци во однос на моментално затворените објекти кај кои нема услови за испорака на топлинска енергија.

Согласно податоците во Центарот за грижа на потрошувачи, на 14 октомври годинава, еден ден пред почетокот на грејната сезона, бројот на затворени објекти во кои не постоела техничка можност за да се испорачува топлинска енергија изнесувала 210 објекти. Во 21 објект имало прекин на довод на електрична енергија во топлинската станица, во 49 објекти екипите на операторот на дистрибутивниот систем немале пристап до топлинската станица и 140 објекти биле оневозможени да добијат испорака на топлина од системот за централно греење поради дефект во внатрешната инсталација на објектот.

„Согласно Законот за домување, одржувањето на внатрешната грејна инсталација е одговорност на потрошувачите.Бројот на објекти кои ги немале исполнето условите за непречена испорака на топлинска енергија пред почетокот на грејната сезона се намалува, со нивно санирање, но истовремено во првите денови од почетокот на греењето се појавуваат нови пријави, на кои екипите работат непрекинато“, велат од ЕСМ и уште еднаш апелираат до потрошувачите и куќните совети да ги отстранат дефектите на внатрешните грејни инсталации, да обезбедат довод на електрична енергија и непречен пристап на нашите екипи до топлинските станици во нивните објектите.

Од ЕСМ велат дека за дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...