fbpx

Ердоган: Имаме докази дека САД ја поддржуваат ИД во Сирија

-

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека има докази дека коалициските сили предводени од САД даваат поддршка на терористички групи во Сирија.

– Тие нè обвинуваат дека ја поддржуваме Исламска држава, а сега тие им даваат поддршка на терористички групи, вклучувајќи ја и Исламска држава и курдските екстремистички групи – рече Ердоган на прес-конференција во Анкара.

Тој истакна дека сега сè е јасно, особено зашто поседуваат цврсти докази за тврдењата.

– Имаме потврдени докази со фотографии и со видеоснимки – рече Ердоган.

Изјавата на Ердоган доаѓа откако Москва го обвини Вашингтон дека го „спонзорира тероризмот“ во Сирија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавена е програмата на четвртиот Скопски поетски фестивал

Поети од Норвешка, Ирска, Словенија, Грција, Хрватска и Србија, како и дваесетина домашни поети ќе бидат дел од годинешното, четврто издание на Скопскиот поетски фестивал што ќе се одржи...