fbpx

Ал Абади: Дајте ни три месеци и ќе ја искорениме ИД

-

На ирачките сили би им биле потребни три месеци за да ја елиминираат Исламска држава, изјави ирачкиот премиер Хајдер ал Абади, говорејќи за борбите што се водат во Мосул.

Абади, кој претходно рече дека Мосул ќе биде заземен до крајот на годината, сега изјави дека командантите побавно ги спроведуваат операциите затоа што цивилите не ги напуштиле своите домови, како што се очекувало.

– За да се заштитат цивилите, операциите за ослободување на Мосул се одвиваат побавно – рече Ал Абади.

Американски командант во понеделникот изјави дека ирачките сили во следните денови ќе ја продолжат офанзивата во нова фаза од операцијата и оти американските војници ќе бидат распоредени поблизу до линијата на фронтот во градот.

Мосул е најголемиот град што го држи Исламска држава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...