Elyon: најнова корејска ММО, сега достапна и преку GeForce Now

Скриншот од играта Elyon
Фото: Принтскрин, ELYON, kakaogames, Bluehole Studio Inc

Elyon е најнова корејска ММО игра, која што сега е достапна и на GeForce Now. Графиката во играта е одлична, од дизајн на ликови до прекрасни околини со природа. Играта е означена како 18+, но и покрај тоа, квестовите се едноставно направени и брзо се напредува.

Покрај неверојатната графика која бара солиден компјутер, освен ако не ја играте преку Could Gaming на GeForce Now, најсилна страна на оваа игра е „комбатот“. Анимациите за напад се импресивно и креативно сработени. Има избегнување на удари додека и обичните непријатели и „босовите“ оставаат „телеграфи“ на земја, за каде наредно ќе нападнат и треба на среде борба да се поместувате надвор од тие полиња. Со други зборови, играта Elyon има „акционен комбат“, непријателите се супер дизајнирани и чувството додека сте во тој отворен свет е сеприсутно.  

Во играта можете да изберете дали ќе играте со човек, елф, орк и други раси и креирањето на карактер не е „џендер локд“, односно можете да бирате помеѓу машки и женски карактер на сите раси.  

Приказната е интересна, и во самиот почеток има многу „динамичен комбат“ – откако ќе го преиграте интрото – сте пренесени на друга планета преку вид на интердимензионално патување, каде постои магично дрво што допира во сите димензии, а вашиот лик е поврзан со дрвото.

Таму спасувате момче од пирати. Момчето кралски наследник, принц од Вулпин Парламентот (ако сте одбрале Вулпин како фракција) којшто заедно со својот телохранител ве водат низ првите квестови. Потоа се напредува низ секакви зони, а има и dungeons за играње со други играчи. Исто така, во оваа игра може да членувате во Клан со пријателски расположени играчи од целиот свет што ќе ви помагаат во левелирањето.

Има и интересен систем на магични камења наречени „Рунстоунс“. Овие камења на моќ имаат шари по нив што потсетуваат на руни. Камењата можете да ги „сокетирате“ во опремата – оклопот и оружјата, а исто така и даваат различни ефекти на самите „скилови“ што ги користите, односно бонуси во сила, во агилност или во магија. 

Играта Elyon е интересна да се испроба како нанова ММО на пазарот, се гледа дека има доста труд позади играта и е едно ново освежување во ММО жанрот.