Единаесет земјоделски задруги денеска потпишаа договор со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тие преку Програмата за рурален развој ќе добијат 21 милион денари како финансиска поддршка за набавка на земјоделска механизација.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, истакна дека оваа влада известира огромни средства во земјоделството бидејќи смета дека секоја држава треба да си обезбеди основна храна за сопствениот народ.

Цветков истакна дека досега се овозможени многу поволности за земјоделците.

– Покрај тоа што се издвоени средства за набавка на опрема и на механизација, огромни средства се издвоени и за системи за наводнување, а донесени се и повеќе закони за издавање на земјоделското земјиште под закуп на земјоделците, сè со цел целокупното македонско земјиште да се стави во функција – рече Цветков.

Тој истакаа дека иако мал дел од младото население се занимава со земјодеслство, сепак за да се вклучат и тие, мора да се обезбедат услови со модернизација на механизацијата. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство истакна дека многу е направено и во здружувањето на земјоделците во земјоделски задруги за да можат заеднички здружено да дејствуваат.

Цветков упaти апел до земјоделците дека можат да користат и други средства за финансирање, кои се многу поволни, како, на пример, преку ИПАРД-програмата.

– Денеска, со кофинансирање од 90 проценти на земјоделската механизација, земјоделските задруги ги зајакнаа своите производствени капацитети. Со потпишување на овие 11 договори, се доделени 18 различни видови земјоделска механизација, неопходни за успешно функционирање на нашите задруги – истакна Тони Димовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и на руралниот развој.

Во Македонија има повеќе од 20 земјоделски задруги, а веќе е забележан тренд на зголемување на членовите на задругите токму заради поволностите што им се нудат.