fbpx

ДЗС: Потребите за струја во февруари биле поголеми за 38,5 отсто во споредба со истиот месец лани

-

Во февруари годинава вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесувала: 758.271 мегават-часови електрична енергија, 25.888 милиони нормални кубни метри (нм3) природен гас, 558.203 тони јаглен и 73.252 тони нафтени продукти, објави Државниот завод за статистика, ДЗС. При тоа, бруто домашното производство на електрична енергија учествувало со 63,4 отсто во бруто потрошувачката на струја, додека 97,6 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Вкупно нето производство на струја изнесувало 446.825 мегават-часови, мгвч., што е за 10 отсто помалку од февруари минатата година, а вкупните потреби за електрична енергија биле поголеми за 38,5 отсто од истиот месец лани и изнесувале 277.429 мгвч. Македонија во овој месец увезла 339.500 мгвч. струја, што е за 41,8 отсто повеќе од истиот месец лани. Термоцентралите произвеле 310.785 мгвч., за 1,9 отсто помалку од истиот месец лани, хидроцентралите 67.913 мгвч. или за 32,5 отсто помалку од февруари минатата година, а ветерните централи имале производство на струја од 12.254 мгвч. што е за 12,1 отсто помалку од февруари 2019 година.

Примарното производство на јаглен изнесувало 576.452 илјади тони и од него 545.129 илјади тони било за потребите на термоцентралите.

Вкупниот увоз на нафтените деривати во февруари 2020 година изнесувал 86.665 илјади тони од кои најмногу или 56.356 илјади тони бил увоз на дизел гориво за транспорт, објави ДЗС.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...