fbpx

Две различни верзии за убиството во Свети Николе

-

Роднините на Далибор Илиевски, кој синоќа беше застрелан од полицаец, се собраа денеска на местото на настанот. Тие тврдат дека Далибор бил застрелан во грб, без предупредување.

– Скршено е задното десно стакло на автомобилот и куршумот преку плешката завршил во срцето на Далибор. Како, тогаш, е можно тој да се обидел да го прегази полицаецот, а тој да му стрела во грб – прашува неговиот брат Стефче Илиевски.

Тој вели дека очевидците не слушнале предупредување од полицаецот, туку веднаш било пукано.

Обвинитеството, пак, има друга верзија на случајот. Илиевски прво дошол во конфликт со велосипедист, кој бавно се движел на сообраќајницата, по што дошло до расправија. Ова го забележал полицаецот, кој пристапил, ги одвоил и почнал со легитимирање на возачот на патничкото возило, кој, пак, давал отпор и почнал да го тегне и да го турка полицаецот. Потоа, возачот седнал во возилото и почнал да го вози, држејќи го полицаецот за рака, влечејќи го десетина метри по патот, при што од брзината на движење, полицаецот паднал на патот.
Откако паднал полицаецот Бранко Н., Илиевски се вратил и двапати се обидувал да го прегази полицаецот, кој во еден момент во седечка позиција истрелал еден куршум.

По пукањето, Далибор Илиевски, крварејќи возел до болницата. Починал со главата на воланот. Лекарите цели петнаесет минути се обидувале да го вратат во живот.

31-годишниот Далибор денеска беше погребан на гробиштата во Свети Николе. Полицаецот, според Обвинителството, е задржан во полиција. Дејана Недељковиќ од МВР соопшти дека дејствувањето на полицаецот ќе го испитува внатрешната контрола.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.