Две посебни приведувања за предизвикување пожари во Прилеп и во струшко село

Вчера биле приведени две лица - едниот предизвикал пожар во атарот на струшкото село Велешта, другиот палел ѓубре и разни предмети во близина на Прилеп

-

Вчера биле приведени две лица за два посебни случаи на предизвикување пожари. Едниот случај бил во струшкото село Велешта, а другиот во близина на Прилеп, пренесува Министерството за внатрешни работи (МВР).

Вчера во 17.40 часот на локалниот пат с. Велешта кон с. Октиси, 38-годишното лице М.В. од с. Велешта, струшко бил лишен од слбода. Тој предизвикал пожар во атарот на селото. Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Струга.

Вчера во 11.35 часот, пак, 77-годишното лице П.П. од Прилеп бил лишен од слобода поради предизвикување пожар. Околу 11 часот било пријавено дека настанал пожар на површина од околу 300 метри квадратни во близина на Прилеп. Лицето П.П. во дворот на својата викендичка во две метални буриња запалил непотребни предмети и ѓубре, по што огнот се проширил наоколу. Пожарот е локализиран од страна на Територијалната против пожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. По документирање на настанот, против сторителот ќе следува кривична пријава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...