fbpx

Двајца загинати во руски напад врз Херсон, повредено е едно дете

Русија изминатово деноноќие извршила 101 напад кон Херсон, истрелувајќи 597 гранати

-

Две лица загинаа, а уште 14, меѓу кои и едно дете, се повредени во руското гранатирање на Херсон, потврди локалниот гувернер Олександр Прокудин, а пренесе Гардијан.

Според Прокудин, Русија изминатово деноноќие извршила 101 напад, истрелувајќи 597 гранати.

„Руската војска ги гаѓаше станбените населби во населените области во регионот; објект и постројка кои се дел од критичната инфраструктура во Берислав, како и територија на паркот во Херсон“, напиша Прокудин на Телеграм.

Во текот на последните 24 часа, руските сили извршиле 152 напади насочени кон 22 населени места и низ регионот Запорижја, пренесе украинската новинска агенција Укринформ, повикувајќи се на објава на шефот на регионалната воена управа на Запорижја, Јуриј Малашко.

Во нападите биле уништени станбени згради и цивилна инфраструктура.

Укринформ јави и дека во раните утрински часови украинските одбранбени сили собориле шест беспилотни летала Шахед 136/131, лансирани од страна на Русија.

Дроновите биле лансирани од ’ртот Чауда во окупираниот Крим.

Инаку, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Техеран се сретна со иранскиот претседател Ебрахим Раиси. Токму Иран ѝ ги достави на Русија беспилотните летала „Шахед“ за војната во Украина.

САД соопштија дека се загрижени од „растечкото одбранбено партнерство“ меѓу Иран и Русија, што претставува ризик не само за Украина, туку и за соседите на Иран, пренесува Гардијан.

Лавров замина за Техеран набргу по патувањето во Кина и во Северна Кореја, која исто така ја снабдува Русија со оружје. Патувањата на Лавров се сметаат за руски напор да се поттикне поддршка за жалбата на Москва дека Западот се обидува да ја растури Русија.

Според официјалните соопштенија, Лавров во Техеран разговарал за енергетските и логистичките проекти со иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

С.А.(63) од Србија вчера во полициска станица пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар, информира МВР. Според пријавеното, едното...